April 9, 2014

КОНЦЕПТОТ DS 5LS R : ЕЛЕГАНЦИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА ВО СЛУЖБА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

КОНЦЕПТОТ DS 5LS R : ЕЛЕГАНЦИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА ВО СЛУЖБА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

DS ќе претстави премиерно на Саемот во Пекинг, со уникатна и оригинална верзија на DS 5LS : концепт возилото DS 5LS R. Модел-одраз на спортскиот дух кој ги истакнува атрибутите на DS 5LS како што се моќност и исклучителни материјали. Според имиџот на концепт возила DS3 Cabrio Racing и DS4 Racing, умешноста на DS е најприсутна од кога и да било во DS 5LS R. Концепт кој ги поврзува перформансите со елеганцијата и целосно се впишува во духот на DS.

Концепт возилото DS 5LS R кое премиерно ќе биде прикажано на Саемот во Пекинг, ги истакнува атрибутите на DS 5LS. Неодамна комерцијализиран во Кина, DS 5LS се карактеризира со моќен и балансиран изглед кој ја истакнува уметнички изработената маска, одрз на статусот на новите DS, наречени « DS Wings ». Со спортски афирмиран карактер, концептот DS 5LS R ги истакнува заоблените делови на серискиот модел.

 

Со најновиот ангажман на марката во WRC со DS3 Racing, спортскиот дух на DS 5LS R се истакнува со моторот 1,6 l turbo кој развива 300 КС и максимален вртежен момент од 400 nm, спуштена шасија за 15 mm во споредба со сериската верзија и проширени пат напред. Опремен со секвенционален менувач со команди на воланот. Неговата шасија, системот на сопирање и подвозјето се предмет на најпрецизна изработка. Вградување на елементи од типот на вентилатор на воздух, дополнителна лајсна на браникот напред  и карбонатно подвозје се вистински знак на високиот степен на перформанси.

Достоен на духот на DS за иновација и примена на најсофистицирани материјали, DS 5LS R воодушевува на прв поглед со својата црвена боја Carmin со мат и метализиран изглед сублимат на спортските линии на овој концепт. Широки странични лајсни на вратите во сива карбонатна мат боја ја потврдува припадноста на овој концепт во фамилијата на спортски возила кои ја носат ознаката « R », според имиџот на DS3 Cabrio Racing. Потпис « R » се наоѓа над маската назад и на профилот.

 

Вистински технолошки предмет, DS 5LS R се карактеризира со карбонатни елементи на страничниот потпис кој се протега од стаклата до багажникот и го пресекува фиксното стакло со суптилен дизајн на ајкулово крило. Маската « DS Wings » е обоена во сива карбон боја. Спортскиот карактер се афирмира со тркалата од 20’’ со уметнички дизајн, во карбонатна боја и полиран алуминуим, на надворешната страна и точки во црвена кармин боја.

 

Зад управувачот, DS 5LS R игра на картата на екстремен луксуз со исклучителни материјали. Внатрешноста е целосно обвиена во кожа и алкантара до командна табла и воланот. Идентитетот на DS е присутен насекаде во три облици (кожа во полн цвет анилин, кожа со амблем DS и Алкантара) во изработка во облик на ременче од часовник. Покрај ова, седиштата, командната табла, високиот дел од командната табла, и средишниот наслон за рака со опшивка во облик на бисер во црвена боја кармин, техника која сведочи за вештината и умешноста на DS која е инспирирана од најдоброто од рафинираноста и елеганцијата на француски начин.

 

Перформансите се препознаваат и во хронометар поставен на централната конзола и волан со црвени кармин  ознаки и потписот « R ». И за дополнителен спортски изглед, ентериерот на DS 5LS R е во вистински карбонат особено воланот, паноата на вратите, рачките на вратите и црвените вметоци на вентилаторите.