June 12, 2018

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ НА ПАРИЗ И CITROËN ВОВЕДУВААТ НОВ ДИЗАЈН НА МЕТРО ПОСТОЈКАТА JAVEL – ANDRÉ CITROËN НА ЛИНИЈАТА БРОЈ 10

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ НА ПАРИЗ И CITROËN ВОВЕДУВААТ НОВ ДИЗАЈН НА МЕТРО ПОСТОЈКАТА JAVEL – ANDRÉ CITROËN НА ЛИНИЈАТА БРОЈ 10

Новиот уметнички дизајн на постојката Javel-André Citroën свечено е отворена на 8 јуни во присуство на Анаис Лансон, Директор на комуникација на марката Јавниот превоз на Париз,Арно Белони- Директор за маркетинг и комуникација на Citroën и Фредерик Ламбер, Директор за услуги и мултимедијални простори на Службата за јавен превоз на Париз.

Во 80-те години од минатиот век двете марки имаа успешна соработка со поставување на една изложба за историјата на Citroën во истиот кварт, а денес двете марки повторно соработуваат околу еден нов уметнички проект на постојката Javel – André Citroën.

INAUGURATION DE L'AMENAGEMENT CULTUREL CITROEN LIGNE 10

Citroën: Марка која е историски поврзана со квартот Javel

Парискиот кварте познат по фабриката за хемиски производи за белење основана во 1777 позната под името eau de Javel, каде во 1915 се вселува и фабриката на André Citroën за производство на гранати за потребите на војната. 
По завршувањето на Првата светска војна, André Citroën во истата фабрика започнува со производство на сопствена марка на автомобилиПред 99 годинина 4 јуни 1919, го лансира првиот модел Type A, првиот Citroën, првиот автомобил со серсико производство во ЕвропаВо следните децении во истата фабрика излегуваат повеќе легендарни модели на Citroën: Type A, C4, C6, Rosalie, Traction, Type H како и SM и DS. На површина од 22 хектари и со над 30 000 вработени оваа пчелична кошничка на Citroën функционира во францускиот кварт до 1975, кога ги затвора вратите со последниот модел на DS. Седум години подоцна фабриката го сели своето седиште. 
Во чест на марката Citroën и нејзиниот допринос во квартот името André Citroën се впишува на постојката Javel, а од јуни 1959, постанува постојка Javel – André Citroën. Во 1992 се отвора и парк посветен на André Citroën на истото место каде се наоѓале фабрикитеВо 1958 кејот на квартот Javel е наречен исто така André Citroën, а и гимназијата што се наоѓа на улицата Сен Шарл го носи името на индустријалецот.

INAUGURATION DE L'AMENAGEMENT CULTUREL CITROEN LIGNE 10

 

Нов дизајн на постојката во чест на легендарната историја на Citroën

На самиот влез на постојката се наоѓаат информации за историјата на André Citroën и на парискиот кварт Javel. Оригинален дизајн типичен за Citroën како и за Компанијата за јавен превоз во Париз, вид на уметничка графика која се протега долж целата станица. На ова се надоврзуваат и три екрани на допир со помош на кои патниците имаат пристап до Citroën Origins (www.citroenorigins.com), виртуелниот музеј на Citroën. Навлегувате во светот и историјата на марката со преглед на сите нејзини модели под агол од 360°, фотографии и анегдоти:

REAMENAGEMENT DE LA STATION

Културна креација во срцето на реновираните постојки на Јавниот превоз

Од влезовите на Hector Guimard во Art Nouveau стил до монуметалната изработка на Tobias Rehberger (планирана за идната метро станица Pont Cardinet на линијата 14), преку le Kiosque des noctambules’ на линијата 1, париското метро и уметноста раскажуваат приказна за една соработка помеѓу корисното и убавото, која трае преку 100 години, а која денес е прикажана на преку 100 станици.
Просторот на парискиот транспорт, дневно се користи од страна на 12 милиони луѓе, е уникатно место каде може да се овозможи и помогне вкрстувањето на уметноста и историјата од една страна, и патниците од друга. Зад улогата како транспортер RATP, преку целото наследство и културни активности, секогаш сака да го збогати искуството при транспорт на своите патници со тоа што ќе овозможи моменти на изненадување, откривање и интеракција. Новиот културен развој на постојката Javel – André Citroën која е откриена денесперфектно се вклопува во овој пристап.

INAUGURATION DE L'AMENAGEMENT CULTUREL CITROEN LIGNE 10