June 15, 2016

ИВАН МИЛЕР НА ПОБЕДНИЧКИ ПОДИУМ ПОД МОСКОВСКИ ДОЖД

ИВАН МИЛЕР НА ПОБЕДНИЧКИ ПОДИУМ ПОД  МОСКОВСКИ ДОЖД

Како и квалификациите, трките на FIA WTCC кои се возеа на Московските патеки беа отежнувани со дождливото време. На третата трка за отворање Иван Милер доби најдобри резултати со својот Citroën C-Elysée WTCC. И покрај тоа што викендот помина без победа, сепак Citroën и Хозе Мариа Лопез се сè уште на чело во пласманот на производители и возачи.

И покрај лошите временски услови стартот на воведната трка во Москва започна на сув асфлат. При првиот пробен круг веќе почна да роси со што почетокот на трката мораше да се одложи. Сите учесници мораа да монтираат пневматици за дожд а инженерите да ги нагодат возилата за дожд.

По исклучување на светлата, Тиаго Монтеиро се постави пред Иван Милер кои успешно стартуваше од втората линија а Мехди Бенани и Хозе Мариа Лопез заедно се поставија на четврата позиција .

По неколку свиоци Иван Милер се постави на чело, Монтеиро не можеше да им одолее на Бенани и Лопез и сите три возила Citroën C-Elysée WTCC се наоѓаа на чело на трката!

Но оваа ситуација не траеше долго. Габриел Таркини се избори за третата позиција, а подоцна му се доближи на Милер откако го помина и Бенани.

Промената на лидерот се направи по пет кругови кога Иван беше нападнат од Катсбург.
Поради новонастанатата ситуација Мехди Бенани ја препушти позицијата и Пекито Лопез се постави на четвртото место.

На половина од трката, Катсбург се закотви на втората позиција откако го помина Милер. Лопез му ја препушти четврата позиција на Валенте.

Возачот на даваа голем отпор за сочувување на нивните позиции. Иван Милер го имаше најдобриот можен резултат.

По кратката пауза пред главната трка повторно дождот ги натопи руските писти. Пневматиците за дожд беа задолжителни.

Возилата Citroën C-Elysée WTCC повторно имаа одличен старт: Иван Милер и Хозе Мариа Лопез по првиот свиок беа на шестата и седмата позиција. Но по третата обиколка веќе беа на седмата, осмата и десетата позиција.

По квадратестото знаме, Хозе Мариа Лопез помина на осмата позиција. Мехди Бенани заврши десетти пред Иван Милер кој не заработи поени.

И покрај лошиот викенд Citroën останува солиден лидер на Светскиот шампионат со 172 поени предност. Во пласманот на Возачи, Хозе Мариа Лопез си изброја 105 поени предност пред Мехди Бенани и Тиаго Монтеиро. Иван Милер се постави на петтото место. Исто така се потврди исклучувањето на Honda за Маракеш.

РЕЗУЛТАТИ

ТРКА 1
1. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
2. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
3. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
4. Hugo Valente (Lada Vesta WTCC)
5. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
6. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
7. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
8. James Thompson (Chevrolet RML Cruze TC1)
9. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
10. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
14. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
16. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)

MT : Nick Catsburg en 1’57’’084

ТРКА 2
1. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
2. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
3. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
4. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
5. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
6. James Thompson (Chevrolet RML Cruze TC1)
7. Hugo Valente (Lada Vesta WTCC)
8. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
9. Ferenc Ficza (Honda Civic WTCC)
10. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
11. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
13. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)
16. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)

MT : Ferenc Ficza en 1’53’’843

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВОЗАЧИ
1. José María López – 223 поени
2. Mehdi Bennani – 118 поени
3. Nick Catsburg – 118 поени
4. Tiago Monteiro – 112 поени
5. Yvan Muller – 109 поени
6. Norbert Michelisz – 105 поени
7. Gabriele Tarquini – 104 поени
8. Rob Huff – 102 поени
9. Tom Chilton – 84 поени
10. Hugo Valente – 68 поени
15. Grégoire Demoustier – 11 поени

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ
1. Citroën – 523 поени
2. Honda – 351 поени
3. Lada – 323 поени
4. Polestar – поени