September 6, 2016

ХОЗЕ МАРИЈА ЛОПЕЗ, ТРИКРАТЕН СВЕТСКИ ШАМПИОН НА FIA WTCC ЗА 2016 ГОДИНА

ХОЗЕ МАРИЈА ЛОПЕЗ, ТРИКРАТЕН СВЕТСКИ  ШАМПИОН НА FIA WTCC ЗА 2016 ГОДИНА

Со остварување на двоен успех во Montegi (Јапонија) Иван Милер и Хозе Марија Лопез ѝ обезбедија петта двојна победа на екипата Citroën C-Elysée WTCC за оваа сезона. Овој резултат му обезбеди на аргентинецот трета последователна светска круна, а на Citroën се поблизу до шеснаесетата титула за Светски шампион.


На трката за отворање, Иван Милер и Хозе Марија Лопез беа поставени на деветтата и десеттата позиција од стартната мрежа. При исклучување на светлата, возачите на Citroën Total успешно се протнаа на седмото и осмото место. Неколку свиоци подолу Иван успеа да го преземе шестото место на Том Шилтон. Пекито го стори истото!
FIA WORLD TOURING CAR CHAMPIONSHIP 2016 - JAPAN - MOTEGI - WTCC - 01/09/2016 TO 04/09/2016 - PHOTO : @World 37-JOSÉ MARIA LOPEZ - CITROEN TOTAL WTCC
Четврти и петти, Лопез и Милер го остварија најдобриот можен резултат земајќи ги во предвид стартните позиции. Добија важни поени во рамки на Светскиот шампионат Возачи и Производители.

По замената на оштетените делови од каросеијата, двата официјални Citroën C-Elysée WTCC се рангираа на првата стартна линија.
FIA WORLD TOURING CAR CHAMPIONSHIP 2016 - JAPAN - MOTEGI - WTCC - 01/09/2016 TO 04/09/2016 - PHOTO : @World 37-JOSÉ MARIA LOPEZ - CITROEN TOTAL WTCC
На два круга пред целта Citroën C-Elysée WTCC n°37 ја препушти победата на n°68. Хозе Марија Лопез му ја подари победата на својот колега.

За првпат оваа сезона Иван Милер ја помина целната линија како победник. На тој начин е искачи на второто место на Светскиот шампионат, на исто скалило со Тиаго Монтеиро.
FIA WORLD TOURING CAR CHAMPIONSHIP 2016 - JAPAN - MOTEGI - WTCC - 01/09/2016 TO 04/09/2016 - PHOTO :  @World 68- YVAN MULLER - CITROEN TOTAL WTCC
Второпласиран, Пекито Лопез со 120 поени предност си ја потврди третата последователна круна.
Во делот на Производители, Citroën се доближува до шеснаесетата светска титула со победа на пет Coupes du Monde de Rallye-Raid, осум Championnats du Monde des Rallyes et и два Championnats du Monde на патнички автомобили. Следниот предизвик кој ќе биде одлучувачки ќе се одржи во Шангај (24-25 септември)!

ИЗЈАВИЈА
Ив Матон, Директор на Citroën Racing : « Денес сè одлично функционираше со двоен успех во главната трка. Остваривме еден дел од нашите цели со Хозе Марија Лопез кој ја зачува титулата Светски шампион. Со одлуката да му ја препушти победата на Иван, Пекито докажа дека поседува дух за дејствување во екипа. Сега ќе се подготвиме за наредната трка, со која би требало да ја однесеме титулата за Производител. Посакуваме и двојна победа во делот на Возачи. Иван е на исто рамниште со Тиаго Монтеиро што претставува идеална ситуација за нас ! »

Хозе Марија Лопез : « Треба да бидам најсреќен човек на светот вечерва ! Кога нè гледате на телевизија сметате дека ние возачите сме ладнокрвни, но верувајте во мене се бораат многу емоции. Доживеав три фантастични сезони со Citroën Racing и верувам дека многу возачи би сакале на бидат на мое место. Натпреварите со WTCC се одлична можност за мене во мојата кариера но на екипата и должам најмногу. Што се однесува до мојот гест кон Иван тоа е еден начин да ја докажам мојата почит кон него. Верувам дека ќе имам уште многу можности да ја слушнам аргентинската химна на подиумот. Ќе продолжам да се борам затоа што треба да ја освоиме титулата Производители. »

Иван Милер : « Најнапред да му ја честитам третата титула на Пекито, тој тоа го заслужува бидејќи е најдисциплиран возач во моментов. И за да бидеш познат возач пред сè треба да си вистински човек . Јас ништо не побарав од него затоа што не сакам да победувам на овој начин. Но тој го стори истото што јас го направив неодамна, и тоа во Аргентина кога му помогнав : Сега кога сум на исто рамниште со Тиаго, ќе се обидам да го освојам финалното второ место. »

FIA WORLD TOURING CAR CHAMPIONSHIP 2016 - JAPAN - MOTEGI - WTCC - 01/09/2016 TO 04/09/2016 - PHOTO :  @World CITROEN TOTAL WTCC - YVES MATTON 68- YVAN MULLER - CITROEN TOTAL WTCC 37-JOSÉ MARIA LOPEZ - CITROEN TOTAL WTCC
* Сите резултати треба официјално да се потврдат од страна на FIA.

ПЛАСМАН
ТРКА НА ОТВОРАЊЕ

1. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
2. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
3. 3. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
4. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
5. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)

6. Thed Bjork (Volvo S60 WTCC)
7. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
8. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
9. Nestor Girolami (Volvo S60 WTCC)
10. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
… 16. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
… 17. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)

MT : Thed Bjork en 1’58’’156

ГЛАВНА ТРКА
1. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
2. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)

3. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
4. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
5. Nestor Girolami (Volvo S60)
6. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
7. Thed Bjork (Volvo S60 WTCC)
8. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
9. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
10. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
… 15. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)
MT : José María López за 1’58’’061

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВОЗАЧИ
1. José María López 319 поени
2. Yvan Muller 199 поени

3. Tiago Monteiro 199 поени
4. Rob Huff 178 поени
5. Norbert Michelisz 172 поени
6. Mehdi Bennani 160 поени
7. Nick Catsburg 145 поени
8. Tom Chilton 143 поени
… 16. Grégoire Demoustier 11 поени

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ
1. Citroën 791 поени

2. Honda 583 поени
3. Lada 440 поени
4. Polestar 235 поени