May 9, 2016

ХОЗЕ МАРИЈА ЛОПЕЗ И ИВАН МИЛЕР НА ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ ВО МАРАКЕШ

ХОЗЕ МАРИЈА ЛОПЕЗ И ИВАН МИЛЕР НА ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ ВО МАРАКЕШ

На една трка каде речиси беше дури и невозможно да се помине, возачите на тимот Citroën Total успешно ги подобрија своите позиции на старт. На победничкиот подиум уште по првата трка, Хозе Марија Лопез и Иван Милер заминаа од Мароко со чувство дека успешно ја завршиле својата задача. На третина од сезоната, Citroën и Лопез останаа на врвот на Светскиот шампионат FIA WTCC.

За првата трка, Иван Милер е одлично позициониран по обратен редослед со петтата позиција. Четирикратниот светски шампион имаше одличен старт како и Пекито Лопез кој беше рамо до рамо со својот тимски колега. Двете возила на Citroën C-Elysée WTCC напредуваа едно до руго сè додека аргентинецот не успеа да ги помине.

Првиот круг беше одбележан со излезот на Џејмс Томпсон – поттурнат од Иго Валенте – и право до Ник Катсбург. Валенте се постави пред Коронел, Лопез, Милер и Монтеиро. Потоа Валенте плати со drive trough и сите ривали си заработија по едно место кон врвот.

Во повеќе наврати, Хозе Марија Лопез се обидуваше да го нападне Том Коронел кој одлично се држеше во автомобилот кој е полесен за 80кг. Top 10 остана непроменет во последните петнаесет кругови, докажувајќи дека речиси е невозможно да се помине оваа нова трка во Маракеш.

Кон крајот на попладнето, учесниците во трката ја започнаа главната трка.Овојпат Хозе марија Лопез и Иван Милер беа на четвртата и на петтата позиција. Бидејќи дождот се интензивираше, сите учесници мораа да си монтираат пневматици за дожд,

По изгаснувањето на светлата, Роб Хуф и Норберт Мишелиц беа на чело, пред Тиаго Монтеиро и рамо до рамо до Хозе Марија Лопез. Пекито успеа да се постави на третата позиција а Иван Милер ја комплетираше водечката група.

Во петтиот круг, Пекито направи непростлива грешка. Со блокирање на тркалата при нагло сопирање во свиокот n°10, мораше да го пропушти Тиаго Монтеиро. Top 10 остана непроменет во останатите дванаесет кругови.

Со поените од овој викенд, Хозе Марија Лопез ја зголеми предноста на светскиот шампионат со дополнителни два поени. Кај Производители, Citroën е сеуште на врвот со 39 поени пред останатите.

ПЛАСМАН

ТРКА 1

1. Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
2. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
4. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
5. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
6. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
7. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
8. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
9. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
10. Fredrik Ekblom (Volvo S60 WTCC)
11. Thed Bjork (Volvo S60 WTCC)
12. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)

MT : Hugo Valente en 1’23’’087

ТРКА 2

1. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
2. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
3. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
4. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
5. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
8. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
10. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)

NC. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)
MT : Gabriele Tarquini en 1’32’’550

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВОЗАЧИ

1. José María López 138 поени
2. Tiago Monteiro 124 поени
3. Rob Huff 98 поени
4. Norbert Michelisz 85 поени
5. Mehdi Bennani 83 поени
6. Yvan Muller 79 поени
7. Nick Catsburg 51 поени
8. Tom Chilton 45 поени
14. Grégoire Demoustier 7 поени

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТА ПРОИЗВОДИТЕЛИ

1. Citroën 347 поени
2. Honda 308 поени
3. Lada 171 поени
4. Polestar 90 поени