April 22, 2014

Голем успех на Citroën во Маракеш

Голем успех на Citroën во Маракеш

Citroën Racing доживеаa историски ден на пистата Moulay El Hassan во Маракеш. За неговата премиерна трка во рамки на FIA WTCC, екипата запиша троен успех со Хозе- Мариа Лопез, Себастијан Лоеб и Иван Мулер.

Citroën C-Elysée WTCC исто така забележа двоен успех во втората трка, со победа на Себастијан Лоеб пред Пекито Лопез. Поради проблем на почетокот Иван Мулер мораше да ја напушти трката. Хозе Марија Лопез го напушти Мароко како лидер на светскиот шампионат, со еден поен пред Себастијан Лоеб.

Откако си запиша најдобро време на сите слободни возења и квалификации, тимот  Citroën Total WTCC и неговите возачи ги започнаа трките со надеж овие перформанси да ги преточат во конкретни резултати.

Кон крајот на попладнето топлината беше сеуште неподнослива во моментот на започнување на првата трка. По изгаснување на светлата, Хозе- Марија Лопез и Себастијан Лоеб се нафрлија на командите, но најдобрата операција ја заврши Иван Мулер. Четирикратниот светски шампион ја зазеде третата позиција за Том Шилтон пред првото сопирање.

Припиени еден до друг, трите Citroën C-Elysée ја започнаа трката истовремено и заедно. Подобрувајќи се во секој момент  и секој дел од трката, Пекито го наметнуваше ритамот на неговите соработници. Плашејќи се сопирачките да не изгубат од својата ефикасност,  возачите се прилагодија на ритам кој беше поодмерен. Ова му овозможи на Шилтон да се врати меѓу првите тројца преминувајќи ја целната линија по ист редослед.

Блиските контакти брзо исчезнаа за да може екипата технички да ги подготви возилата за втората трка. Поради испревртената решетка за првите десет рангирани во квалификацијата, Иван Милер беше најдобро позициониран на седмото место. Себастијан Лоеб и Пекито Лопез беа 9ти и 10ти.

На неколку стотици метри од стартната линија, Medhi Bennani се удри во возилото на Том Коронел, кој пак силно се удри во заштитниот ѕид. C-Elysée WTCC n°1 остана на пистата со видливи и големи оштетувања на предниот десен дел. Пистата беше пренатрупана со остатоци, а трката беше прекината со црвеното знаменце.

Повторното тргнување беше најавено зад сигурносното возило. Трето позициониран зад Бенани и Монтеиро, Себастијан Лоеб многу брзо се поврати на втората позиција. Потоа Бенани се одлучи за ‘drive through’ за маневрите на почеток, но деветкратниот светски шампион во рели не чекаше ниту момент за да се постави на чело.

Во меѓувреме, Хозе-Марија Лопез се протнуваше: откако го помина Валенте и Монтеиро се најде зад Лоеб ! C-Elysée WTCC иташе кон двојна победа а Себастијан Лоеб уште еднаш влезе во историјата, постанувајќи еден од најретките возачи кои се наметнаа на два светски шампионати на FIA.