July 22, 2014

EURO CITRO ќе инвестира во трката 24 часа Ман на 8, 9 и 10 август 2014

EURO CITRO ќе инвестира во трката 24 часа Ман на 8, 9 и 10 август  2014

Euro Citro е изложба на стари модели возила од марката CITROËN кои датираат од постоењето на марката. Овој настан традиционално се одржува на патеките на 24 часа Ман. Првото издание на овој настан се случи во месец август 2000 и оттогаш на секои три години сè до август 2009 се собраа 2 800 колекционерски возила Citroën и 14 000 посетители. Следниот собир ќе се одржи, повторно на патеките на 24 часа Ман, на 8, 9 и 10 август 2014.

Уште при пристигнување на местото, возилата учесници ќе бидат поделени на посебни места во групи по модели.

 

На учесниците им се понудени бројни активности :

 

  • Голема берза на размена на резервни делови, минијатурни возила на Citroën на повеќе од 150 учесници изложувачи на настанот.
  • Изложбен музеј на извонредни возила од марката Citroën (поделени според тематики): светот на Уживање во Citroën, возилата на Sébastien Loeb, со кои постана деветкратен светски шампион во рели трки. Како и спектакуларна презентација на стари комерцијални возила на Citroën.
  • На патеката Бугати ќе биде организирана парада на секој модел.
  • Во недела во 14 часот ќе биде организиран избор на најелегантно возило од страна на познатиот дизајнер на марката Оливие де Серес.
  • Сабота во 14 часот ќе се организира продажба на изработени минијатурни возила и предмети Citroën од мајсторските прсти на Руелан.
  • За сабота вечер е предвидена гала вечера која ќе биде затворена со огномет.
  • Посетителите ќе ги забавуваат оркестри со настапи во петок и во сабота навечер
  • Учесниците ќе имаат на располагање и простор за кампинг од  четврток 7 август на пладне со понеделник 11 август наутро.
  • Авториски дела посветени на марката Citroën како и анимирани цртежи и филмови ќе бидат на располагање за време на целиот настан.
  • Три маркантни возила од историјата на Citroën ќе го прослават својот роденден на Euro Citro 2014 :

 80 години од Traction Avant,

 40 години од CX,

 25 години од XM.

Организаторите очекуваат рекордно учество на повеќе од 3.000 возила.

Сите информации за овој настан ќе ги прочитате на веб страната: http://www.eurocitro.org и адресата: info@eurocitro.org