May 31, 2016

ДВОЈНА ПОБЕДА НА ПЕКИТО ЛОПЕЗ НА НУРБУРГРИНГ!

ДВОЈНА ПОБЕДА НА ПЕКИТО ЛОПЕЗ НА НУРБУРГРИНГ!

Откако ја заслужи победата во делот на отворањето на трката,Хозе Мариа Лопез се покажа немилосреден на главната трка. Со двоен успех во Нурбургринг, аргентинецот се впушти во пласман на Светскиот шампионат. Citroën ја продлабочи разликата во пласманот на Производители.

И двете трки во Нурбургринг на FIA WTCC се одвиваа под одлично сончево време!

На стартот за трката за отворање, Иван МИлер и Хозе Мариа Лопез беа поставени на осмата и деветтата позиција на решетката. Уште на првите свиоци возачите на Citroën Total успешно се протнаа и се поставија веднаш зад Тиаго Монтеиро, Мехди Бенани и Тед Бјорк! Во првиот круг, Бенани изгуби стабилност и беше поминат од неговите конкуренти. Потоа и Бјорк напушти откако му го извалка ветробранското стакло со масло на C-Elysée на Иван.

Монтеиро, Мулер и Лопез се следеа непрестано еден по друг секој чекајќи ја долгата права линија за да си ја проба среќата. На крајот од патот Тиаго Монтеиро созададе хаос: Иван не можеше да го избегне и го удри! Пекито за влакно успеа да ги избегне и двајцата и ја помина целната линија како победник пред Том Шилтон, зад воланот на Citroën C-Elysée WTCC член на екипата SLR.

Механичарите немаа време да се обидат да го поправат возилото на Иван за главната трка. Хозе МАриа Лопез беше поставен на пол позиција пред Норберт МИшелиц, Том Шилтон и Роб Хуф.

По гаснењето на црвените светла, Мишелиц имаше одличен старт и се постави пред полменот. Но токму пред да влезат во Нордшлеиф, Хозе Мариа Лопез успеа да направи мала разлика. Зад Мишелиц беа Шилтон и Хуф.

Во наредните три круга, Хозе Мариа Лопез внимаваше на своите пневматици и успеа да се наметне пред Мишелиц и Шилтон, покажувајќи херојски отпор на нападите од Хуф!

За вторпат во својата кариера во FIA WTCC, Хозе Мариа Лопез си доби максимални 55 поени. На Светкиот шампионат Пекито си собра 69 пооени пред Тиаго Монтеиро. Иван Милер е на шестата позиција зад Хуф, Мишелиц и Бенани. Разликата останува непроменета во пласманот на производители каде сеуште на чело е Citroën.

Наредната трка од Светкиот шампионат ќе се одржи на Московскиот Raceway (Русија) на 11 и 12 јуни. 

РЕЗУЛТАТИ

ТРКА 1

1. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
4. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
5. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
6. Hugo Valente (Lada Vesta WTCC)
7. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
8. Fredrik Ekblom (Volvo S60 Polestar)
9. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
10. Sabine Schmitz (Chevrolet RML Cruze TC1)

MT : Tom Chilton en 8’47’’586

ТРКА 2

1. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
3. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
4. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
5. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
6. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
7. Fredrik Ekblom (Volvo S60 Polestar)
8. Thed Björk (Volvo S60 Polestar)
9. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
10. Hugo Valente (Lada Vesta WTCC)

MT : Mehdi Bennani en 8’48’’463 

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ‘ВОЗАЧИ’

1. José María López 193 поени
2. Tiago Monteiro 124 поени
3. Rob Huff 122 поени
4. Norbert Michelisz 120 поени
5. Mehdi Bennani 103 поени
6. Yvan Muller 83 поени
7. Tom Chilton 78 поени
8. Nick Catsburg 62 поени

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ‘ПРОИЗВОДИТЕЛИ’

1. Citroën 447 поени
2. Honda 378 поени
3. Lada 205 поени
4. Volvo 111 поени