June 26, 2015

DS WORLD PARIS ДОМАЌИН НА НОВАТА ИЗЛОЖБА ЗА ИВ СЕН ЛОРАН

DS WORLD PARIS ДОМАЌИН НА НОВАТА ИЗЛОЖБА ЗА  ИВ СЕН ЛОРАН

Ризницата на марката DS ги отвора вратите за изложбата на необјавени фотографии на славниот моден дизајнер Ив Сен лоран

Откако беше инвестирано од универзумот на куќата СВАРОВСКИ минатиот март, DS WORLD PARIS од 11 јуни изложува необјавени фотографии на еден од најславните француски креатори: Ив Сен Лоран. Серија од никогаш откриени фотографии, со потписот на фотографот Пјер Була, а потоа на неговата ќерка Александра Була, го открива животот и делата на славниот креатор од неговите почетоци во Диор до неговата проштална ревија. Оваа изложба го внесува посетителот во историјата на една од најсимболичните фигури нафранцуската висока мода.

«DS WORLD PARIS е почестена што има можност да ги отвори на Фондацијата Пјер Берже-Ив Сен Лоран за изложбата која на светлината на денот ја изнесува елеганцијата и умешноста на бесценетиот француски моден креатор. Во текот на целото лето DS WORLD PARIS ќе оддава почит на духот на авангардата и креативноста на господин Сен Лоран кои истовремено се и вредности на марката DS », потврдува Жилиен Фо, директор на DS WORLD PARIS.

36 НЕОБЈАВЕНИ ФОТОГРАФИИ НА ИВ СЕН ЛОРАН

Кабаница, смокинг, мантил, па дури и работен комбинезон, сите овие симболични парчиња се дело на Ив Сен Лоран, креаторот кој изведе револуција во модата на XX век, креирајќи го својот најубав проект: облека за жената на денешницата. Изложбата поставена во DS WORLD PARIS одново ги трасира речиси 40-те години на креација и умешност à la française (на француски начин) од почетоците на Ив Сен

Лоран воДиор, преку вселувањето на ул. Спонтини, потоа авенијата Марсо каде се сели од 1974. Оваа серија од 36 негативи, ги отвора вратите на универзумот на креаторот. На овој начин, посетителот навлегува во ателјето и зад кулисите на колекциите и станува дел од еуфоричната атмосфера на ревиите кои го изградија успехот и реномето на куќата Сен Лоран во целиот свет. Подготовки за колекција, преправка на облеката или работна сесија, затскриени од погледите… изложбата овозможува да се пријде до животот на овој славен француски креатор.

ПОД ОКОТО НА ФОТОГРАФИТЕ ПЈЕР И АЛЕКСАНДРА БУЛА

Пјер Була, фотограф на американското списание Life, беше привилегиран соучесник и сведок на работата на Ив Сен Лоран во текот на подготовките на неговите колекции, но и во интимноста на неговите станови во Париз, откривајќи го Ив Сен Лоран зад сцената.

Пјер Берже, кој особено ја сака оваа серија на фотографии, раскажува: «средбата со Пјер Була беше извонредна. Тој беше со нас со денови и ноќи. Сфативме дека заеднички создаваме едно сеќавање.»

Александра Була, независен фоторепортер и ќерка на Пјер Була, чекори по стапките на нејзиниот татко и присуствува на подготовката на последната ревија на креаторот одржана на 22 јануари 2002 во студиото бр. 5 на авенијата Maрсо, пренесувајќи осетливо сведоштво за последните денови на куќата на Ив Сен Лоран.

Излобата може да се посети, бесплатно, до 10 септември 2015 во DS World Paris, 33 ул. Франсоа 1ви, Париз 8ми Арондисман од 10h до 19h30.