May 22, 2015

DS Week во Париз за прослава на шеесетгодишна историја

DS Week во Париз за прослава на шеесетгодишна историја

По повод 60 години од првиот оригинален DS автомобил и годишнина од лансирање на марката, DS организира ексклузивен настан во центарот на Париз. Посетете ја изложбата DS на 23 и 24 јуни во Градината на лалињата. Музеј каде марката DS ги споделува своите уметнички вредности, култура и ексклузивност и спој меѓу историјата и модернизмот што се вклопува со имиџот на познатата Пирамида пред Лувр.

Роден во 1955, DS е вистинска модна икона во шареноликиот автомобилски пејсаж во XXиот век. Комерцијален и спортски успех, но и со политичка кариера, особено со генералот Де Гол, со филмска кариера, DS го одбележа францускиот стил на живеење кој зрачи во целиот свет.

 

ИЗЛОЖБА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ

2015, година на лансирање на марката DS ќе биде прославена со прекрасна изложба во Градината на лалињата во сабота на на 23 и недела на 24 мај.

Изложбата на DS ќе ги внесе посетителите на изложбата на DS во едно временско патување од 1955 до иднината. Влезот за изложбата DS ќе биде слободен и бесплатен. На репертоарот се наоѓаат детски анимации но и средби со дизајнери и изработувачи на кожа од Центарот за стил на марката DS.

За продолжување и споделување на задоволството, Изложбата DS ќе биде пренесувана директно на интернет. Секој посетител ќе добие предмет за конкеција со апликацијата « MyDSweek » за да се потсетува на настанот преку фотографии и содржини како и да ги споделува на социјалните мрежи.

DS Week може да го следите и на Twitter :#OpenTheWay

 

ИЗЛОЖБАТА DS, ПАТУВАЊЕ ВО ВРЕМЕТО ОД 1955 ДО ИДНИНАТА СО

Од педесетитте години до денес, киното го обожува моделот DS. Главната улога на DS е доделена во бројни култни филмови или серии во Франција и странство.

  • Фото галерија: Сублимирана од најпознатите фотографи како и бројни фотографи аматери, DS ја освојува и воодушевува светската публика од самото појавување во

Авангарден, динамичен и ексклузивен автомобил едногласно избран од бројни политичари, познати лица, возачи на рели…

Techno Lab : Понуда за поврзување со дигиталниот свет, ефикасни мотори, технолошка интелигенција за едно дигитално 3D возење, динамично и безбедно со спектакуларни светлосни групи… Во оваа техно лабораторија посетителите ќе имаат можност да го доживеат лично новиот технолошки предмет наречен DS.

  • Дизајн: кога зборуваме за DS веднаш помислуваме на неговиот авангарден дизајн. Уште од 1955, DS се истакнува со технолошка оригиналност како и револуционерни но елегантни линии.

60 години подоцна, историјата на DS продолжува.

  • Работилница: Изворите на инспирација DS ги црпи од генијалноста на високата мода, и умешноста и вештините на францускиот луксуз признати во целиот свет … Грижливата посветеност на детали, изборот на благородни материјали својствени за марката ги креираат оригиналните стилистички кодови на марката.
  • DS Бутик: Во бутикот DS може да се најдат дизајнирани lifestyle производи од страна на марката за продолжување на искуството на DS и во секојдневниот живот.
  • DS возила на улицата: За време на изложбата посетителите ќе можат да се запознаат со петте модели на DS: DS 3, DS 3 CABRIO, DS 4, Нов DS 5. Насочен кон иднината concept car NUMERO 9 исто така ќе биде дел од оваа изложба.

 

700 DS ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ СОБИР ЗА 60 ГОДИНИ ОД DS

Во сабота на 23 мај ќе се одржи најголемиот годишен и меѓународен собир на DS инициран од Светот на DS ‘Le monde de la DS’ www.lemondedelads.com . Се очекуваат 700 автомобили и 1500 фанови од 10 различни држави. Учесниците ќе се натпреваруваат во елеганција и демонстрација на патеката.

 

Недела 24 мај, 600 DS ќе парадираат во Париз

Од 7 часот наутро 700 возила на DS ќе се упатат кон Плоштадот Конкорд. Дефилето ќе се одржи покрај брегот на Сена, каде што е роден првиот автомобил DS  на 6 октомври 1955 на Саемот во Париз.