June 6, 2016

DS VIRGIN RACING НА ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ НА ШАМПИОНАТОТ НА ФОРМУЛА Е ВО БЕРЛИН

DS VIRGIN RACING НА ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ НА ШАМПИОНАТОТ НА ФОРМУЛА Е ВО БЕРЛИН

DS Virgin Racing го освои третото место во генералниот пласман на Формула Е благодарение на одличното претставување на Жан-Ерик Верњ. Овој французин ја обезбеди на DS Virgin Racing четвртата пол позиција во сезоната…

 « Имаме двајца супер талентирани возачи, а располагаме и со супер брз автомобил », истакна Алекс Таи, Директор на DS Virgin Racing Team.

Возачите на DS Virgin Racing, Жан-Ерик Верњ и Сам Бирд завршија на петтото и на единаесеттото место на ePrix во Берлин.

« Кога стартувате од пол позиција, тоа значи дека сакате да победите », објасни французинот. « Ова е случај и денес, само што Буеми беше премногу брз. Кога ме помина и ми избега знаев дека нема да можам да го стигнам повеќе. Мислам дека и останатите возачи кои ме поминаа имаа исто така одлични перформанси. Завршивме одлична работа за да добиеме пол позиција и со ова ги истакнавме нашите напори како екипа иако бев свесен дека не можев да бидам подобар од петтото место. Ова се сепак одлични поени за DS Virgin Racing и ние сме трети на шампионатот. Јас сум задоволен затоа што екипата го заслужи тоа. »

Бирд го предизвикуа Даниел Абт за третото скалило на подиумот. Британецот имаше помалку среќа затоа што по ударот во германецот си го оштети крилото и против своја волја мораше да ја напушто трката. Со падот од четврта на четиринаесетта позиција, Сам изгуби секаква надеж.

« Навистина сум разочаран од оваа одлука », се довери Сам Бирд. Не се надевав на црно-портокаловото знаме за толку мала штета. Како што им реков и преку радио врската, моето крило напред не беше многу поместено. Со ова целосно се намалија моите надежи за титула. »

« Сепак сум пресреќен за екипата. Отсекогаш сум посакувал да ги поминеме Dragon Racing на генерално ниво и покрај тоа што за мене денот беше разочарувачки ова е сепак триумф за DS Virgin Racing. Ќе се концентрирам на Лондон каде ќе се одржи одлучувачкото финале. »

« Јас сум многу горд на моите возачи », потврди Алекс Таи, директор на екипата. « И покрај тажниот настан со Сам тој го докажа својот возачки талент. Жан Ерик Верњ беше одличен во суперпол позиција предвидувајќи одлична иднина за екипата. Имаме двајца супер  талентирани возачи и еден супер брз автомобил.  Во моментов имаме најмногу пол позиции и битката во Лондон ќе биде одлична, а тимот Сам и Жан Ерик се повеќе се подобрува во секоја трка. Едвај ја чекам завршницата затоа што сме одлично поставени. »

ePrix во Лондон ќе се одржува на 2 и 3 јули во Battersea Park. Со вие две трки ќе се затвори сезоната.