July 18, 2016

DS Virgin Racing го објави новото дуо на пилоти за третата сезона

DS Virgin Racing го објави новото дуо на пилоти за третата сезона

DS Virgin Racing со задоволство објави дека двојниот FIA WTCC светски шампион Хозе Марија Лопез ќе биде партнер на Британецот Сем Брд за сезоната 2016-17 на FIA Formula E.

33-годишниот Лопез ќе го замени Жан-Ерик Верн и ќе биде новото засилување во Formula E. Аргентинецот доаѓа со импресивно педигре како актуелен светски шампион во WTCC и води во FIA WTCC Светското првенство во 2016 година со 244 поени, веќе освојувајќи победи во шест трки оваа сезона.

Пред WTCC, Pechito, како што е познат на неговите пријатели, имаше успешна кариера, освојувајќи го Formula Renault италијанскиот шампионат во 2002 и Formula Eurocup FR V6 титулата во 2003. Тој беше тест-возач во Formula One во 2006 година.

По објавувањето, Сем Бирд рече: "Оваа сезона е уште еден позитивен чекор напред и јас навистина верувам дека DS Virgin Racing ќе напредува. Покажавме конзистентно темпо во втората половина на сезоната и ако можеме да го конвертираме во повеќе победи, тогаш ние би требало да имаме автомобил кој е способен за предизвик за освојување на титулата во следната сезона. "

Алекс Таи, тим директорот на DS Virgin Racing, рече: "Јас сум апсолутно задоволен да ја објавиме нашата постава на возачи за следната сезона и да му искажам добредојде на Хозе Мариа во семејството на DS Virgin Racing. Хозе е докажан светски шампион кој настапувал на највисоко ниво и покажа голема брзина и постојаност во секој дисциплина од мотоспортот во која тој се натпреварувал. Имам верба дека тој ќе биде во можност да гопотврди овој успех и во Formula E. Тој ќе му се придружи на Сем кој во текот на последните две години се покажа како еден од најбрзите и најталентираните возачи на патеката. Убеден сум дека со комбинираните сили на Сем и Хозе, нашиот тим ќе биде победничка формула во рамките на серијата каде се бара висок степен на познавање, конзистентност и напорна работа. Дополнителен атрибут е ликот на двајцата возачи чии спортски пристап е одраз на моите цели во овој спорт. "

Ксавиер Местелан Пинон, раководител на DS Performance, додаде: "Хозе е фантастично надополнување на DS Virgin Racing, тој е возач од светска класа, кој доминираше во WTCC шампионатот во последните две сезони и во моментов ја води тековната сезона. Тој соработуваше со нас во DS Performance во текот на сезоната. По освојувњето на третото место во шампионатот, ние веруваме дека тој и Сем ќе формираат силно партнерство кое ќе овозможи да се борат за шампионатот следната сезона. " Третата сезона на FIA Formula E шампионатот ќе започне на 9-ти октомври во Хонг Конг.