April 23, 2016

DS НА ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ ЗА EPRIX ВО ПАРИЗ

DS НА ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ ЗА EPRIX ВО ПАРИЗ

Жан- Ерик Верњ, францускиот пилот на DS Virgin Racing, ги воодушеви своите фанови со освоеното одлично место на ePrix кое се одржа во француската метропола.

На 23 април, двајцата претставници на DS Virgin Racing покажаа фантастични перформанси на квалификациите.

На стартот, надежите беа големи во рамки на тимот DS Virgin Racing, но за жал Сам се соочи со неочекувано зализгување при гаснењето на светлата, овозожувајќи му на Лукас ди Граси да се постави на чело пред првиот свиок. Верњ исто така го искористи овој немил настан на својот партнер и тргна во лов по ди Граси.

Во вториот дел од трката, Себастијан Буеми од осмата позиција се искачи до четврата дури и со желба да го предизвика и Сам.

Сам успешно се бореше до шестиот круг кога задоцни со сопирањето и се упати само право. По спектакуларно вртење од 360° за да се врати на пистата без да го оштети возилото DSV-01, Себајстијан Буеми, Нико Прост и Стефан Саразин го поминаа и го оставија на шестата позиција.

На крај , за жал DS Virgin Racing мораше да се задоволи со втората скала од подиумот.

« Фантастичен резултат како за екипата така и за DS на домашен терен. Поминав комплицирана сезона и екипата беше навистина трпелива со мене а јас сакав да им надокнадам за трпението. Тоа што сум денес на овој подиум е навистина прекрасен момент. »

 « Пресреќни сме што нашите возачи се борат за подимот низ целата трка», додаде Алекс Таи, директор на DS Virgin Racing, за соработаката на Virgin и DS Automobiles. «Иако крајниот резулатат е малку разочарувачки и покрај нашите перформанси во квалификациите, јас сум задоволен од JEV како и од DS што си заминуваме од Париз со ваков резултат»

« Не можевме да се надеваме на повеќе », додаде Ив Бонефонт, Директор на DS Automobiles. « Фантастичен и незаборавен момент за сите луѓе кои се дел од овој проект. Крајно горд на овој резултат. Честитки за нашите двајца талентирани возачи кои го покажаа целото нивно знаење во родниот град на нашата марка. »

Наредната етапа на Шампионатот FIA во Formula E е предвидена за 21 мај во Берлин, германската метропола.