April 14, 2014

DS, ФРАНЦУСКАТА МАРКА ПРЕМИУМ, ЈА ПРОДОЛЖУВА ОФАНЗИВАТА НА САЕМОТ НА АВТОМОБИЛИ ВО ПЕКИНГ 2014

DS, ФРАНЦУСКАТА МАРКА ПРЕМИУМ, ЈА ПРОДОЛЖУВА ОФАНЗИВАТА НА САЕМОТ НА АВТОМОБИЛИ ВО ПЕКИНГ 2014

Саемот на автомобили во Пекинг, кој ги отвора вратите за печатот на 20 април, е клучен настан за DS во Кина како премиум марка која е број еден по пораст со највисок приоритет. Комерцијализиран пред помалку од две години во земјата, DS располага со 56 продажни салони и за шест месеци комерцијализираше два модели кои се произведуваат локално, DS5 во септември 2013 и DS 5LS во март 2014. Третиот модел е SUV, инспириран од Wild Rubis 2013 концепт возило предвиден за лансирање до крајот на годината, а ќе биде прикажан на штандот на DS. На штандот исто така ќе биде изложен и DS 5LS R, топлокрвен концепт автомобил кој ги истакнува сите атрибути на DS 5LS, особено моќноста и висококвалитетни материјали.

Во период од неколку години Кина постана светски лидер во производство и продажба на автомобили. Продажбата на премиум возила расте побрзо од било кои други пазари. Токму затоа DS претставува најголем приоритет за развој во Кина. Марката DS беше лансирана во Кина во јуни 2012 како посебна премиум марка инспирирана од луксузноста и елеганцијата на францускиот стил. За помалку од две години, продажната офанзива на DS е посилна од кога и да било со:

o силнорастечка продажна мрежа (+65 % за шест месеци) со 56 ‘DS STORES’ отворени во поголемите центри во Кина (Пекинг, Шангај, Кантон, Шенцен, итн.),
o Главното седиште во Шангај на Nanjing Road, салонот DS World Shanghai, е отворен пред неполна година,
o Два нови модели произведени локално во производствените погони на Шенцен: DS5, лансиран во септември 2013, и DS 5LS, лансиран на 28 март 2014.

DS има зацртана цел да го продолжи овој ритам. На штандот на Саемот на автомобили во Пекинг, брендот премиерно ќе го прикаже својот трет модел кој се произведува во Шенцен, Кина. Новодојденецот, е SUV инспириран од концепт возилото Wild Rubis прикажан на минатогодишниот саем во Шангај, а ќе биде лансиран во Кина до крајот на годината. Штандот на DS ќе биде можност за прикажување на новата креација, DS 5LS R, топлокрвниот спортски концепт автомобил кој ги истакнува атрибутите на DS 5LS, особено моќноста и одлични материјали.
Марката оваа година прославува педесетгодишнина од воспоставување на дипломатски односи меѓу Франција и Кина, така што марката DS се навраќа кон историјата и наследството, со прикажување на DS која била во сопственост на генералот Де Гол.