September 6, 2016

DS E-TENSE ПОБЕДНИК НА КОНКУРСОТ ШАНТИЈИ УМЕТНОСТИ & ЕЛЕГАНЦИЈА РИШАР МИЛЛ

Вчера, DS E-TENSE избран за најубав автомобил на Конкурсот за елеганција во Дворецот Шантији Уметности & Елеганција Ришар Милл.

Во голема конкуренција и строга и пребирлива жири комисија, оваа награда е посветена за авангардноста на марката DS. Наградата ја дели со креацијата на модниот дизајнер Еимерик Франсоа претставена за време на модното дефиле.

На конкурсот за елеганција учествуваа осум концепт возила од престижни марки покрај која дефилираше и по еден манекен облечен во креациите на дизајнерот. Експертското жири беше составено од: рели возачи, механичари, новинари, дизајнери, уметници, колекционери со единствено што ги поврзува: страст кон автомобилот.

« Марката DS е горда на наградата на Конкурсот за елеганција со моделот DS E-TENSE.. DS E-TENSE е опиплив доказ за нашата конкретна посветеност на иднината на марката. », објасни Ив Бонефон, генерален директор на марката DS, по чест на доделување на наградата.