March 22, 2016

DS E-TENSE ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР КОНЦЕПТ АВТОМОБИЛ ВО ЖЕНЕВА

DS E-TENSE ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР КОНЦЕПТ АВТОМОБИЛ ВО ЖЕНЕВА

DS E-TENSE ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР КОНЦЕПТ АВТОМОБИЛ ВО ЖЕНЕВА

Од менаџментот на DS официјално изјавиле дека добиле награда на Автомобилскиот саем во Женева. Презентирајќи се на саемот во Женева, моделот DS E-TENSE ја освои наградата ‘le Grand Prix RTL– Auto Plus’ во категорија најдобар концепт автмобил.

DS E-TENSE со својот футуристички надворешен дизајн и импресивна внатрешност привлече големо внимание во Женева.

Покрај победата на DS во Париз на Меѓународниот автомобилски саем во 2014 година, DS 5 и NEW DS 4 во Женева и Франкфурт во 2015 година, Концепт возилото DS E-TENSE го освои својот прв овогодишен трофеј ‘le Grand Prix RTL– Auto Plus’ со повеќе од 62% од гласачите, во конкуренција на моделите Mazda RX-Vision и Volkswagen T-Cross Breeze.

Читателите на магазините и радио слушателите ги избраа нивните омилени автомобили помеѓу четирите категории и четириесете возила селектирани од страна на двете медии.

Наградата им била врачена на извршниот директор на DS, Yves Bonnefont, заменик директорот Eric Apode и директорот за дизајн Thierry Métroz.