June 11, 2014

DS, АМАБАСАДОР НА ПАРИЗ СО «WWW.DSWORLD.PARIS»

DS, АМАБАСАДОР НА ПАРИЗ СО «WWW.DSWORLD.PARIS»

Марката DS лансира дигитална интернет екстензија “ .paris“ за DS WORLD PARIS продажниот салон во осмиот кварт на Париз. Избран за еден од седумте амбасадори на “ .paris“ DS уште еднаш го докажа своето париско потекло со својата нова адреса: www.dsworld.paris

Париз станува еден од првите светски метрополи кои нудат екстензија на интернет доменот со своето име. Благодарение на неговото  париско потекло, марката DS заедно со Ајфеловата кула и пет други марки е избрана за амбасадор на Париз благодарение на екстензијата на доменот со “ .paris“. DS ја лансира својата париска интернет страна за својот продажен салон DS WORLD PARIS со интернет адреса на  www.dsworld.paris.

 

« Отворен на 27 ноември 2013, DS WORLD PARIS, се наоѓа во центарот на парискиот златен триаголник, продажно место и искуство кое ги истакнува моделите DS 3, DS 3 CABRIO, DS 4 и DS 5 кои ја сочинуваат гамата на DS во Европа, сите произведени во Франција. Концепиран како луксузна продавница, тој е место кое е репрезент на вредностите на DS во однос на изборот на квалитетни материјалите, дизајн, приемот на клиентите и понудени услуги. Спој на исклучителен стил, елеганција и рафинираност на секој детал и технологија. Вредности кои асоцираат на Париз, центарот на луксузноста и на модата. Токму затоа е сосема логично DS WORLD PARIS да поседува сопствена интернет адреса со екстензија “ .paris“, изјави Филип Клаверол, директор за стратегии на марката DS.

 

За Ив Бонефонт, генералниот директор на марката DS,  « во период кога DS се позиционира како посебна марка на автомобили, со голема гордост изјавуваме дека станува и амбасадор на « .paris ». Влијанието на Париз низ целиот свет сега е поврзано со нашиот межународен развој. Денес Кина, претставува прв светски автомобилски пазар, затоа што кога еден клиент купува DS, тој купува и повеќе од автомобил, тој купува дел од имагинарниот париски свет за којшто сонуваме. Кој подобро би го инкарнил духот на Париз во автомобил од DS ? ».

 

Најновата креација на марката, DS 3 со новиот светлосен потпис, е комбинација на напредна DS технологија со светла со ксенон Full LED и нови можности за персонализација со нов ентериер « Irrésistible Paris », на кој се истакнати спомениците кои треба да се посетат во метрополата.