May 16, 2017

DS 7 CROSSBACK: ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПРОШЕТКА

За првата прошетка Претседателот на Републиката, Емануел Макрон се одлучи за DS 7 CROSSBACK, новиот модел на DS Automobiles претставен пред само два месеци. Овој DS 7 CROSSBACK ‘Présidentiel’ е специјално персонализиран со подвижен покрив, за да може Претседателот на Републиката да ги поздрави французите на Елисејските полиња.

Вистинска чест за марката DS и за најновиот модел DS 7 CROSSBACK е новиот претседател да ја направи својата официјална прошетка. Историски момент за марката DS Automobiles – чија приоритена амбиција е инкарнација на иновациите и на француската умешност за дизајн на автомобили.

_2NZ0150

DS 7 CROSSBACK ‘Présidentiel’:

–              Првиот DS 7 CROSSBACK  на асфалтот: инженерите и изработувачите од DS го применија најдоброто за да дизајнираат уникатно возило ‘Présidentiel’, 7 месеци пред неговата официјална комерцијализација (јануари 2018).

–              Мастилно сина боја на каросерија, со подвижен покрив и специјални елементи од типот на потпис – Француска република, држач за знаменце…

–              Внатрешноста е изработена во црна кожа Art Leather (Inspiration Opéra), а подвижниот покрив од лакирано платно и е потпишан од Maury.

–              Фелните од 20” се украсени со позлатени елементи .

–              DS 7 CROSSBACK располага со High-tech опрема од најнова генерација и тоа: DS CONNECTED PILOT, предвесник на автономно управување, DS ACTIVE SCAN SUSPENSION, потпирање на XXI век, кое непрестано ги контролира амортизерите.

DS 7 CROSSBACK ‘Présidentiel’ ќе биде изложен на DS WORLD Paris, на ул. François 1 бр. 33 во Париз од 16 мај за сите посетители и вљубеници, а за медиумите веќе од 15 мај.