April 15, 2014

DS 6WR : ДИВ И РАФИНИРАН

На Саемот во Пекинг, DS ќе го прикаже премиерно новиот модел кој истовремено е моќен и елегантен, DS 6WR. Овој SUV premium е директно инспириран од концепт возилото Wild Rubis. Ги носи гените на моделите DS со оригинален и препознатлив стил, со богата и нагласена имагинација и емоционалност, но истовремено и со исклучителна елеганција. Афирмирана понуда која ја следи историјата на DS во Кина. Впрочем, по DS 5LS, ова е првиот SUV на марката кој го бележи развојот на DS во Кина и во целиот свет.

Дизајниран во Париз, центарот на елеганцијата и на модата, DS 6WR е нов израз на DS : див бунтовник, но истовремено и перфекционист и елегантен. Неговиот оригинален изглед претставува спој на моќни линии на SUV и рафиниран стил на DS.

 

Моќни и чистокрвни линии

 

Имиџот на концепт возилото Wild Rubis го даде изгледот на овој нов SUV premium, DS 6WR со карактеристичен по својот спектакуларен и мускулест стил, со моделирана флуидност која му оддава впечаток на хомогеност.

 

Должина од 4,55 m, ширина од 1,86 m и висина од 1,61 m, најновата креација на марката DS поседува исклучително меѓуоскино растојание со должина од 2,73 m. Димензиите бликаат со моќност и енергичност, но истовремено поттикнуваат желба да се сместите зад управувачот, задоволувајќи ги реалните потреби на клиентите кои се во потрага по SUV од високата гама. Тркала од 19 инчи поставени на четирите агли за да почувствувате исклучителни емоции во возењето.

 

Покрај тоа DS 6WR поседува и уред Grip Control. Оваа технологија гарантира оптимална моторичност на секаков терен без потреба од вклучување на интегрален пренос, а истовремено ја ограничува потрошувачката на гориво и емисијата на CO2. Технологијата е на највисоко ниво за што доказ се моторите e-THP 160 и THP 200 со директно секвенционално вбризгување, напојуван со пумпа под висок притисок, турбокомпресор од типот на Twin Scroll. Поврзани се со автоматски шестостепен менувач.

 

Софистициран и рафиниран стил

 

Оригинални пропорции, харизматички изглед, DS 6WR дише во светот на најмодерните SUV. Широк и спуштен, оригиналниот изглед изразува истовремено цврстина и сила без воопшто да ги жртвува елеганцијата која е изразена преку стилот на сензуалните линии.

 

Елегантен, DS 6WR поседува оригинален страничен и хромиран потпис : носачи на кров од алуминиум кои графички го потенцираат динамизмот на овој нов модел. Носачите на кров се внесуваат во каросеријата, надополнувајќи ја скулптурата на крилото назад.

 

DS 6WR сублимат на новиот идентитет на лицето напред за првпат присутен кај DS 5LS. Се карактеризира со скулптурална и статутарна маска, таканаречена « DS Wings ». Со светлата е поврзана преку двете хромирани крила, создавајќи затегната арка за дополнителна динамичност и модернизам на лицето напред. Решетката на маската, со специјален дизајн во себе го вградува амблемот на DS.

 

Назад, новата сценографија на светлата наликува како да се вградени во задната врата. Како скапоцен накит, светлата назад се вметнати во хром, потенцирајќи го на тој начин светлосниот потпис и 3D дизајнот на светлосните системи. Доведени до перфекција, логото DS  вметнато во страните од светлата како скапоцен амблем DS. Вистинска скулптура, задната врата е потенцирана со хром во која се наоѓа двојната издувна цевка.

 

Нов производ за офанзива на DS во Кина

 

Овој нов модел е нова етапа во развојот на марката DS во Кина. По DS5 во септември 2013 и DS 5LS чија комерцијализација се случи кон крајот на март, DS 6WR ќе биде третиот модел DS произведен во Кина, во фабриката на Шенцен. DS 6WR ќе биде комерцијализиран до крајот на годината, најнапред во Кина.

 

Развојот на DS се базира на мрежа кој е во полн ек на пораст и која се состои од 56 DS STORE во најважните градови на земјата.

 

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Должина : 4,55 m

Ширина : 1,86 m

Висина : 1,61 m