January 22, 2015

DS 3 INES DE LA FRESSANGE PARIS : ТИПИЧНО ПАРИСКА УЛТРА МОДЕРНА ШИК ВЕРЗИЈА

DS 3 INES DE LA FRESSANGE PARIS : ТИПИЧНО ПАРИСКА УЛТРА МОДЕРНА ШИК ВЕРЗИЈА

За старт на 2015 – првата година како марка Premium - DS нуди ултра модерна верзија типична на париска мода на DS 3: DS 3 INES DE LA FRESSANGE PARIS. Сина мастилна боја на каросерија а покрив во црна Onyx, ретровизорите во ‘црвена Ines’, со специјално ниво на опременост и можност избор од 4 еколошки мотори.

Плод на соработка помеѓу екипите на марката DS и Ines de la Fressange Paris, DS 3 INES DE LA FRESSANGE PARIS на почетокот беше лансиран како концепт возило на Саемот на автомобили во Париз во месец октомври.  Денес , DS нуди ограничена серија која целосно наликува на концепт автомобилот.

Оваа француска марка е родена во Париз. DS црпи инспирација од најдоброто од умешноста и вештината на француски начин и нуди автомобили кои се наменети за клиенти кои се во потрага по  лично изразување. Овие модели се истакнуваат со својот  авангарден дизајн, ексклузивност и целосна посветеност на деталите, и претставуваат предмети кои се крајно високо технолошки.

За да понуди оригинален автомобил со истакнат идентитет, DS соработуваше со Ines de la Fressange Paris и создадоа еден ултра модерен и елегантен DS 3. Однадвор како и однатре, избор на бои и избор на материјали,… сè е темелно осмислено до најситен детал. Резултат :  модел облечен во мастилно сина боја со покрив во црна Onyx боја а ретровизори во ‘црвена  Ines’ на кои се надоврзуваат новите светла со Ксенон Full LED и новите трепкачи.Ентериерот исто така е грижливо и внимателно дизајниран: лајсна на командната табла во ‘црвена  Ines’нијанса, со специјални потпирачи за глава.