June 27, 2018

ОТКРИЈТЕ ГО НОВОТО CITROËN BERLINGO VAN, СКРОЕНО ЗА СИТЕ НАМЕНИ!

ОТКРИЈТЕ ГО НОВОТО CITROËN BERLINGO VAN, СКРОЕНО ЗА СИТЕ НАМЕНИ!

ЛЕГЕНДАРЕН МОДЕЛ СО АФИРМИРАН И МОДЕРЕН ИЗГЛЕД

Citroën, иноватор кај комерцијалните возила со вграден товарен простор, ја продолжува својата приказна со лансирање на најмодерен ван. Новото Berlingo Van нуди оригинална градба и форма со издржлив дизајн достоен за сите професионалци.
– Новото Citroën Berlingo Van нуди енергичен и заштитнички однос. Се препознава по новото испакнато ветробранско стакло и високопоставениот и кус капак на моторот , благодарение на новата платформа EMP2 која дозволува кусо растојание меѓу тркалата напред до крајниот преден раб.
–  Изгледот напред е во духот на идентитетот на марката и на неговиот постар брат Citroën Jumpy : високо поставен и краток капак на моторот со широки светла.
– Од профил, флуидни линии и грижливо изработени страници. Одраз на практичност и просторност во внатрешноста.
– Ентериер специјално осмислен за професионалци каде на издржливоста и практичноста се надоврзуваат и воздушната командна табла со вградени бројни корисни технологии.

КОМФОР « ПО МЕРКА » : КОМЕРЦИЈАЛНО ВОЗИЛО СКРОЕНО ЗА СИТЕ НАМЕНИ

« Inspired by Pro » за да биде идеален партнер на професионалците, новото Citroën Berlingo Van гарантира решение адаптирано за сите намени.
– Игра на картата скроено по мерка и се изработува во две големини: M и XL од 4,40m и 4,75m.
– Комплетно ги задоволува очекувањата на своите купувачи нудејќи им две специјално прилагодени верзии « Worker » и « Driver » различни по својата примена и филозофија.
– Мултифункционалност и прилагодливост со: Патничката кабина Extenso® за три патници(прв ред) и Продлабочена кабина за превоз до 5 патници ( прв и втор ред).
– Нуди интелигентна концепција за одличен непречен пристап назад со една врата или со две врати, странични лизгачки врати, бројни корисни прегради и фиоки како и неверојатна корисна носивост (до 1000 kg) со задржување на ширината помеѓу премините на тркалата за директно поставување на две европалети.

КОМФОРОТ НА ОВОЈ VAN ЈА ПОСЕДУВА НАЈСОВРЕМЕНАТА ОПРЕМА

Новото Berlingo Van во ништо не може да им позавиди на патничките возила. Нуди вистински комфор во возењето и оптимална сигурност:
– Типично поврзување со подлогата кое произлегува од генијалноста на Citroën а сето тоа во служба на комфорот.
– Новата платформа гарантира адаптиран одговор : примена на целосната умешност и знаење на Citroën, благодарение на новата платформа EMP2, овој фургон гарантира одлична синтеза на управливоста со богатството технологии.
– Во делот на применети технологии овој фургон располага со 20 уреди за помош во возењето меѓу кои вреди да се истакнат : Индикатор за претовареност и “Surround Rear Vision” несвојствени за сегментот комерцијални возила, Приказ на информации во висина на видливо поле и Електрична паркинг сопирачка, Прилагодлив регулатор на брзина со функција Stop, Active Safety Brake и 4 технологии на поврзување меѓу кои: Citroën Connect Nav и Безжичен полнач за смартфон.
– Мотори од најнова генерација кои истовремено се одликуваат со високи перформанси и ефикасност: Diesel 1.5 BlueHDi, Бензин 1.2 PureTech и воведување на осумстепениот автоматски менувач EAT8.