July 24, 2018

ВО ХРАМОТ НА БРЗИНАТА

45-ТО ИЗДАНИЕ НА РЕЛИ-ТРКИТЕ ВО ФИНСКА, ОД 26 ДО 29 ЈУЛИ

За осмата рунда од оваа сезона, Citroën Total Abu Dhabi WRT се справува со еден од најпознатите и најсложените настани во календарот на WRC. Возејќи C3 WRC кој беше повторно надграден, францускиот тим ќе биде претставуван од Craig Breen – Scott Martin, Mads Østberg – Torstein Eriksen и Khalid Al Qassimi – Chris Patterson.

ПОНАТАМОШНИ ПОДОБРУВАЊА KAJ C3 WRC

Бидете како едно со вашата машина. Во Финска, можеби повеќе од било каде, да се биде како едно со вашиот автомобил е апсолутно критично доколку сакате комплетно да се посветите на некои од најбрзите фази на сезоната, успорени помеѓу густите фински шуми. Со четири генерални победи (2008, 2011, 2012 и 2016) обезбедени во земјата со илјада езера, Citroën Total Abu Dhabi WRT веќе ја докажа својата способност да избере вистински set-up за овој невобичаен настан. Овде, прецизноста има тенденција да биде малку поважна од држењето. Со претставувањето на новата геометрија на предната оска, тестирана конкурентно на неодамнешното рели во Естониа од страна на Craig Breen во подготовката за Финска, црвената армија во секој случај го усоврши балансот кај C3 WRC. Повторно, француското возило ќе биде возено од страна на Craig Breen и Mads Østberg, а и двајцата гледаат на оваа етапа како една од најомилените годинава. Ирецот и норвежанецот ќе се обидат да го искористат своето значајно искуство на финските патеки, со осум и  дванаесет претходни појавувања на нивните имиња, соодветно и секој од нив со најдобар резултат од трето место. Khalid Al Qassimi, назад во акција по неговото прво патување во Аргентина, сепак ќе усвои поинаков пристап. На рели-трката која и тој многу добро ја познава, но која е секогаш голем предизвик, единствената цел на возачот од Емиратите ќе биде постепено да се прилагоди на возилото и да успее да пристигне до целта.

НОВИ ЕТАПИ

Со оглед на брзините постигнати на етапите, познавањето на курсот е апсолутно критично за да се постави прецизно за безбројните гребени, големи и мали, кои ја градат репутацијата на оваа рели-трка низ годините. Сепак, повеќе од дваесет проценти од маршрутата оваа година ќе биде комплетно нова: раздвижувањето кај Vesala, етапите како Ässämäki (4/9) и Äänekoski (5/10) во петок се комплетно нови, како и Laukaa (20/22) во недела, додека другите се променети само во одредени делови. Поради тоа екипажот ќе биде обврзан да изведе нешто за баланс, особено при првиот премин, како што ни потврдија – со полн гас – бидејќи белешките земени на трките се со значително помали брзини. Оваа летна рели-трка која не смее да се пропушти, позната по многу тесните маргини кои ги одвојуваат екипите, повторно ветува дека ќе биде жестока за освојување!