March 21, 2014

ДАНИЕЛ ЕЛЕНА ГО ЗАПОЧНУВА ПЕТТОТО РЕЛИ НА МОНТЕ КАРЛО « ZERO EMISSION – NO NOISE » ЗАД УПРАВУВАЧОТ НА CITROËN C-ZERO

Daniel Elena, совозачот од Монако, деветократен светски шампион во Рели, рамо до рамо со возачот Себастијан Лоеб, овојпат ќе седне зад управувачот на CITROËN C-ZERO за да го започне 5то Рели во Монте Карло « Zero Emission – No Noise ». Трка без емисија на CO2, без бучава но не и без гламур ! На програма се неколку натпревари од планината до морето.

По девет титули на светски шампиони во Рели со Себастиан Лоеб, од кои 7 победи на Релито во Монте Карло, Даниел Елена ќе седне на возачкото место! Минатата година учествуваше на 14-то Рели на Монте Карло посветено на нови енергии со CITROËN DS5 Hybrid4, оваа година истото ќе го направи со CITROËN C-ZERО по повод 5-тото Рели на Монте Карло « Zero Emissions – No Noise ». Ова Рели е посветено на електрични возила, и ќе треба да се докажува во повеќе трки. Првата «Ла Турби – Пеј» (11,06 km) ќе се одржи утре на кривулести и змијулести патеки во шумата на Пеј. Следните трки ќе се одржат во сабота на 22-ти март: кружната патека «Пеј- Сент Ањес» (8,01 km, потоа «Рокбрун Кап Мартин – Горбио» (7,35 Km) и «Сент Ањес – Ла Турби» (15,95 km), за да заврши на пристаништето во Монако. Нула литри гориво, нула емисија на CO2, нула бучава! CITROËN C-ZERO е дизајаниран за олеснување на урбаната подвижност: мали димензии, брзо наполнување и доволна автономија за да ги покрие секојдените патувања, и сето тоа во целосна бессшумност со што ќе заборавите на бучавата во градот. Вистински концентрат на технологија и креативност за да одговори на предизвиците на утрешнината !