August 30, 2016

CXPERIENCE CONCEPT: ИСКУСТВО НАДВОР ОД СИТЕ СТАНДАРДИ НА КОМФОР И ДИЗАЈН CITROËN !

CXPERIENCE CONCEPT: ИСКУСТВО НАДВОР ОД СИТЕ СТАНДАРДИ НА КОМФОР И ДИЗАЈН CITROËN !

Претставен ексклузивно еден месец пред Мондијалот на автомобили во Париз, Citroën CXPERIENCE CONCEPT го отсликува капацитетот на марката за имплементирање на нејзиниот слоган Be Different, Feel Good » во сегментот на големи лимузини. Со несекојдневен изглед, ова концепт возило ги пореметува сите стандарди и е инкарнација на програмата « Citroën Advanced Comfort®».

По повод Светската конвенција посветена на новиот C3, каде ќе присуствуваат 2000 претставници на марката од повеќе од 36 држави, Citroën создаде concept car CXPERIENCE, кој биде специјален настан за идниот саем на автомобили во Париз. Дводелна лимузина со должина од 4,85 m, CXPERIENCE CONCEPT ја отсликува волјата на Citroën за да се истакне во делот на високата гама со имплементирање на слоганот « Be Different, Feel Good ».

CXPERIENCE CONCEPT е нов доказ на програмата « Citroën Advanced Comfort ®», целосно посветен на уживањето и удобноста на сите патници. Оваа програма опфаќа креации кои истовремено се стилистички и техничко-технолошки модели на марката.

  1. ЕНЕРГИЧЕН ДИЗАЈН НАДВОР ОД СИТЕ СТАНДАРДИ
  • Докажан идентитет

Со оригинална и поинаква морфологија, овој concept car CXPERIENCE ги одразува стандардите на лимузина од високата гама, сегмент кој и е омилен на Марката.

Дизајниран од страна на екипите Style Citroën во центарот за Дизајн во Велизи, во континуитет на новите естетски принципи на марката, CXPERIENCE CONCEPT нуди иновативен предлог инспириран од светот на high-tech за надворешноста и од светот на луксузен мебел за внатрешноста.

Уште на прв поглед, concept car CXPERIENCE се истакнува со својот дводелен изглед и генијално дизајнираните врати со спротивно отворање. Чувство на динамичност блика од неговите енергични и иновативни линии со широки но мазни облини, кои креираат сопствен начин на стилистичко изразување.

CXPERIENCE CONCEPT претставува спој на импонзантни пропорции (4,85 m должина, 2 m ширина), нисок покрив (1,37 m висина) и кусо меѓуоскино растојание (3 m). Боја на каросерија водено зелена бисерна нијанса« Mizuiro » симбол на модернизам, релаксираност и луксузност, остава впечаток на возило од високата гама поставено врз широки тркала од 22 инчи.

Шевроните и двојната хромирана лајсна се протегаат до светлата и ја акцентираат ширината на возилото. Посебно внимание при изработка е посветно на дневните светла кои се во форма на « V » како и на трие фарови со LEDS светла поставени на секој од аглите на возилото. За поголема ефикасност браниците напред имаат вградено пилотирани отвори за воздух.

Назад, овој concept car се афирмира со своите маркантни крила и конкавно заоблено стакло. Оптиката во 3D и оптичка ласерска обработка во форма на « V ». Вградените трепкачи се затскриени под тенката хромирана лајсна давајќи му на CXPERIENCE CONCEPT оригинален и технолошки идентитет.

Кај сите најнови концепт производи на марката шевроните кои се вградени назад се во црна лакирана боја

  • Ентериер-сублимат на флуидност

Ентериерот на CXPERIENCE CONCEPT е инспириран од светот на архитектурата, дизајнирање и опремување со мебел. Ентериер во тонична жолта агрум боја која е синоним на оптимизам и свежина.

Едноделен волан  и флотантна командна табла со хоризонтална поставеност.

« Целата екипа од Стил напорно работеше со една единствена цел да креира нова лимузина од високата гама која ќе даде нови хоризноти на вредностите Optimistic, Human и Smart на марката».

Alexandre MALVAL, Директор на  STYLE Citroën

  1. ПРОГРАМАТА CITROËN ADVANCED COMFORT® ВО ЕДЕН ДИЗАЈН ОД ВИСОКАТА ГАМА

Отсекогаш поимот на комфор е интимно поврзан со Citroën, а « Confort Citroën » е потпис на марката.Критериуми кои придонесуваат за удобноста на телото и споделување зад управувачот на concept car CXPERIENCE:

  • Удобност за духот и за телото

Програмата Citroën Advanced Comfort®, која раководи со дизајнирањето на CXPERIENCE CONCEPT, Citroën нуди модерна визија и типична умешност и вештина.

  • Предности на меѓусебна размена и споделување

Во рамки на програмата « Citroën Advanced Comfort ®», концепт возилото Citroën CXPERIENCE е гостопримливо, удобно и хиперконектирано. CXPERIENCE CONCEPT  се карактеризира со интуитивна поврзаност човек-машина гарантирајќи му на воачот и на сите свои патници дигитално опкружување. Технолошка интелигенција каде сите патници се активни учесници во патувањето.

Хиперповрзано и во духот со времето, concept car поседува исто така и ConnectedCAM Citroën™  камера за првпат вградена во новиот Citroën C3. Поставена зад внатрешниот ретровизор, оваа конектирана HD камера, снима што гледа возачот пред себе. Сведок на искуствата од патувањето моментално ги споделува сликите и видеата на социјалните мрежи или пак ги сочувува за себе.

« Концепт автомобилот на  Citroën CXPERIENCE ги поместува сите стандарди и доведува нова визија за лимузина од високата гама целосно имплементирајќи ги амбициите на програмата  « Citroën Advanced Comfort®. CXPERIENCE CONCEPT го илустрира капацитот на марката следејќи го логото «  Be Different, Feel Good ». Linda JACKSON  –  CITROËN Brand CEO

  1. СОЛУЦИЈА ХИБРИД- БЕНЗИН ЗА БЕЗГРАНИЧНО УЖИВАЊЕ ВО ВОЗЕЊЕТО

Технолошка интелигенција со солуцијата Plug-in Hybride за релаксирано патување. Citroën CXPERIENCE CONCEPT располага со моторен погон plug-in hybride – бензин спој на динамичност и мултифункционалност од групацијата PSA.

Citroën CXPERIENCE CONCEPT нуди исклучителни динамични перформанси со бензинскиот мотор со моќност од 150 до 200 КС како и дополнителна енергија од електричнуиот мотор (до 80 kW). CXPERIENCE CONCEPT при урбана употреба може да биде 100% електричен  (ZEV -Zero Emission Vehicle) и да има автономија од 60 km. На автопат се вклучува термичкиот мотор за да понуди реални перформанси и моќност до 300 КС.

CITROËN CXPERIENCE CONCEPT
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ :

Должина : 4,85 m
Ширина : 2 m
Висина : 1,37m
Меѓуоскино растојание : 3 m

ПЕРФОРМАНСИ :

Капацитет при употреба на електричен мотор : 60 km
Моќност(CEE) : 250 до 300 КС