September 21, 2016

CONCEPT C3 WRC : СТАРТУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ МОТОРИ !

Citroën Racing го подготвува на голема врата враќањето на светскиот шампионат за рели FIA. Нов предизвик и нова авантура за спортскиот тим со добро позната и призната вештина. Еден поинаков метод на лансирање на новиот С3 од страна на марката, како возилo со оригинален изглед, полн со punch и енергија. По повод Мондијалот во Париз, марката премиерно ќе го претстави концептот C3 WRC. Дизајниран во центарот за стил на Citroën во соработка со Citroën Racing, овој концепт го најавува новото возило за рели кое ќе го има својот прв старт на Релито во Монте Карло во јануари 2017.

Трикратен шампион во категорија возачи Citroën со можност да ја однесе и третата последователна титула за производители на шампионатот FIA WTCC со C-Elysée. Денес, Citroën се лансира во нов елан со својот победнички производ, новиот C3 кој се подготвува за FIA WRC. Овој Шампионат целосно соодветствува на техничките карактеристи на новиот C3 и на неговиот енергичен карактер.

Спортската верзија превзема некои стилистички карактеристики од сериската верзија : двостепен светлосен потпис, двобоен покрив но се истакнува со поширока каросерија за 55mm во споредба со новиот Citroën C3.

Концептот C3 WRC ги почитува стандардите и димензиите на возило кое може да учестува во рели FIA WRC, а тоа се: :

  • Зголемување на моќноста на моторите до 380КС, со зголемување на дијаметарот на турбото на 36mm;
  • Поголема слобода во делот на аеродинамичноста со максимална дозволена ширина од 1875 mm, поголем штитник напред а назад штитникот поседува вграден дифузер;
  • Пошироко крило назад за поголемо аеродинамично потпирање;
  • Тежината на возилото намалена за 25kg ;
  • Дозволена контрола на електронскиот диференцијал.
  • Во очекување на релито во Монте Карло во јануари 2017, повелете посетете го штандот на Марката : Хала 1, ред C, штанд 320 !

Димензии на концептот C3 WRC :
Должина : 4,15m
Ширина : 1,90m