March 9, 2018

CITROËN ВО ЖЕНЕВА

CITROËN  ВО ЖЕНЕВА

На саемот на автомобили во Женева 2018, Citroën ја демонстрира стратегијата за постојан развој на марката, со целосно нов редизајниран штанд од 1100 m2, 6 модели лансирани во Европа за помалку од 2 години.

Модерна и афирмирана гама на производи, која го претствува новиот лик на Citroën во стилот на: нешто невидено досега. Автомобили кои црпат од гените на марката, и споделуваат оригинален дизајн и карактер како и глобален комфор согласно програмата Citroën Advanced Comfort®.

CL 18.009.077

 

– Премиерно изложен на саемот на автомобили: ново Citroën Berlingo , трета генерација автомобилска икона, која ја продолжува успешната приказна со оригинален изглед кој претставува репер во сегментот на « практичен автомобил. Во духот на новите модели на марката, новото Berlingo се истакнува со помодерен дизајн и пристап кон удобноста. Се конструира на новата платформа со 19 нови технологии за помош во возењето и 4 нови технологии за поврзаност, мотори од најнова генерација и типично поврзување со подлогата целосно посветено на удобноста. На располагање во две димензии M и XL (5 и 7 седишта), новото Berlingo ќе се комерцијализира во втората половина од 2018.CL 18.009.014

– За првпат на меѓународен саем на автомобили: новиот Citroën C4 Cactus , ултра-комфорен компактен автомобил. Дизајниран според програмата Citroën Advanced Comfort®, новиот C4 Cactus премиерно во Европа, располага со новото потпирање со хидраулични прогресивни перничиња (Hydrauliques Progressives™) и новите удобни седишта според програмата на Advanced Comfort,

CL 18.009.004
– Официјализација на оригиналниот потпис за целата понуда на моноволумени Citroën, со комерцијалниот назив SpaceTourer, кој ќе го замени називот Picasso, и претставување на специјалната серија на C4 SpaceTourer Rip Curl. Истовремено изложен ќе биде и : SpaceTourer Rip Curl Concept,

CL 18.009.017

 

– Ќе се прикажува филм за офанзивата наречена SUV: нов SUV Compact C3 Aircross (50 000 продажби до денес), кој се издвојува со својата практичност и го го претставуаат новото позиционирање на успехот на Citroën.CL 18.009.007

– Новиот Citroën C3 си впиша 300 000 продажби и на саемот ќе се претстави со својата ултра модерна специјална серија « C3 ELLE ».

 

Во продолжение, погледнете ја прес конференцијата и дел од атмосверата на штандот на Citroën на саемот за автомобили во Женева: