March 4, 2015

CITROËN ВО ЖЕНЕВА 2015 – 50 МИЛИОНИ ВОЗИЛА И НЕОДМИНЛИВА КРЕАТИВНОСТ!

CITROËN ВО ЖЕНЕВА 2015 – 50 МИЛИОНИ ВОЗИЛА И НЕОДМИНЛИВА КРЕАТИВНОСТ!

CITROËN : марка со оригинален идентитет, која го слави својот 50 милионити автомобил од нејзиното создавање.
Светски премиери: Нов CITROËN Berlingo Multispace и Berlingo MOUNTAIN VIBE концепт.
Новитети: Нова гама C4 и C3 Picasso « Black Top ».
Гама целосно обновена и освежена која го илустрира беспрекорен и оптимистички дизајн, удобност на телото и интелигентна технологија.

Креативност, иновативност, а понекогаш и форма на арогантност, се составните елементи на « успешната приказна» CITROËN повеќе од 95 години! Успех кој до пролет 2015 ќе се одбележи со симболичен резултат : 50 милиони продадени возила кои го носат потписот на двојниот шеврон од создавањето на марката. Познат потпис, симбол на возила со изразен стил, удобни, иновативни, на кои лесно се навикнуваш и со иновативни услуги.

Денес CITROËN се потпира на сопствените гени кои ја истакнуваат « Креативноста и технологијата во служба на удобноста и уживањето  », за повторно инвестирање во својот идентитет : креативна марка, поразлична, која нуди опуштено и релаксирано патување, како и флуиден однос со автомобилот, со своите производи, услуги и својата мрежа.

Модели и концепти кои ќе бидат изложени на штандот CITROËN на саемот во Женева се сведоци на оваа динамика и црпат од идентитетот на CITROËN за да понуди дизајн, уживање на телото и на духот и технолошка интелигенција.

СВЕТСКА ПРЕМИЕРА: Нов CITROËN Berlingo Multispace 

Изразен карактер, возило на кое лесно се навикнуваш, генијално возило, Нов CITROËN Berlingo се модернизира со нов поизразен изглед напред, корисни технологии и модерни со новиот таблет осетлив на допир од  7’’ или пак Active City Brake, ефикасни мотори од најнова генерација. Ги сочувува сите адути на модуларност, зафатнина, комфор и опременост, како на пример Modutop®, кои се репер за сегментот на ludospaces.

Уникатен концепт : Berlingo MOUNTAIN VIBE CONCEPT

Енергичен и забавен, овој концепт со иновативен дизајн се истакнува со зајакнувачи на каросеријата и дополнителна опрема за да можете да ја освоите природата и да ги достигнете сите планински врвови. Се додворува на алпската природа околу Женева, и претставува идеален партнер за љубителите на спорт, чист воздух и слобода.

НОВИТЕТ: Нова гама CITROËN C4 

Го зацврстува својот статус на вредности помеѓу компактните берлини, лесни за управување и возење со елегантен дизајн, глобален и хомоген комфор и вистински патнички квалитети. Се истакнува и со повеќе новитети за афирмирање на неговиот карактер : нови светла напред и назад, таблет на допир 7’’, Пристап & Старт Hands-free.  Вистински скок во генерацијата со новите ефикасни мотори PureTech и  BlueHDi како и новиот автоматски менувач EAT6.

НОВИТЕТ: CITROËN C3 Picasso « Black Top” 

C3 Picasso ги сочувува денес сите квалитети за дизајн, комфор и модуларност. Ги поседува најновите мотори PureTech 110 и BlueHDi 100 и се претставува во двобојна динамична верзија наречена « Black Top ».

РЕДИЗЈАНИРАНА И ОБНОВЕНА ГАМА

– CITROËN C4 Cactus : нова автомобилска синтеза, инкарнација на позиционирањето на CITROËN. Сrossover од нов вид со оригинален дизајн и глобален пристап кон комфорот и технологијата. Од неговото лансирање се заведени 47 000 нарачки.

Концепт C4 Cactus AIRFLOW 2L : вистинска лабораторија на идеи, спој на дизајн и аеродинамичност, конкретни солуции, економично возило кои троши помалку од 2l/100 km.

Нов CITROËN C1: лансиран пред само неколку месеци а веќе се продадени 41 000 примероци на овој градски, практичен и удобен автомобил кој нуди релаксирано возење со верзиите Airscape. Швајцарската филијала нуди и лимитирана серија на C1 Swiss & Me.

– CITROËN C4 Picasso & Grand C4 Picasso: за неколку месеци постанаа лидери во сегментот на моноволумени во Европа, со 187 000 автомобили  нарачани од лансирањето.

ТЕХНОЛОШКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Сите овие возила ја истакнуваат технолошката интелигенција во служба на :

  • Лесна употреба, со таблет осетлив на допир кај C1 до C4 Picasso, преку новата гама C4 или Ново Berlingo,
  • Намалување на трошоци за користење и одржување со мотори од најнова генерација, BlueHDi и Puretech, со високи перфоманси кои гарантираат најдобро ниво на потрошувачка на гориво и емисија на CO2. Најмалку 20 верзии се « Best in Class CO2» во категорија на патнички автомобил.

Овие возила имаат на располагање и нови услуги, во зависност од земјата на комерцијализација, иновативни солуции за купување на возило SimplyDrive/FlexiDrive, CITROËN Service Racing, или поврзани услуги CITROËN CONNECT како и услуги за поголема транспарентност во односот со клиентот: CITROËN & VOUS.

СПОРТСКИ УСПЕСИ

Технолошка интелигенција и човечка авантура, се вредностите на CITROËN кои се пронаоѓаат во CITROËN C-ELYSEE WTCC : спортски успех за истакнување на марката на светско ниво. Со две светски титули : производител и пилот уште во првата година, CITROËN го следи ангажманот во Аргентина на 8 март.