February 11, 2016

CITROËN SPACETOURER: ” ЖИВОТ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА “

CITROËN SPACETOURER: " ЖИВОТ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА "

Модерен и карактерен, CITROËN SpaceTourer со своите три должини и изглед се прилагодува на начинот на живеење на денешните семејства но и на потребите на професионалците. Возилото пленува со својата привлечност, удобност, практичност и добар изглед. Со новата платформа, SpaceTourer обезбедува динамични перформанси и мала потрошувачка на гориво. Оn –board технологијата овозможува  високо ниво на безбедност. SpaceTourer оваа годинава официјално ќе биде претставен на Саемот во Женева.

Со моделот SpaceTourer, CITROËN демонстрира способност за зголемување на продажбата во сегментот на VAN возила на глобалниот пазар. Ова ново модерно возило е одговор на модерниот и раздвижен свет во кој ние живееме и секое слободно време го користиме за заедничко патување. Оптимистички, практичен и лесен за користење, SpaceTourer го прави животот полесен и воедно отвора и нови можности. Негови карактеристики се:

– Чист дизајн со мазни линии и без агресивност. Изгледот на SpaceTourer може да се каже дека е енергичен но и смирувачки.

– Ефикасна архитектура за подобро живеење, практичност која е адаптирана за сите намени. EMP2 платформата на SpaceTourer обезбедува повеќе простор во кабината, но и подобро маневрирање со возилото. Достапно е во 3 должини, од 4,6м до 5,3м, нуди конфигурации на пет, седум, осум или девет седишта. Опремено со нови функционални карактеристики како hands-free лизгачките врати и можност за отворање на задниот прозорец на возилото.

– Пријатната внатрешност на возилото овозможува зголемена физичка и ментална благосостојба, додека high-set возачката позиција, лизгачките и ротациони седишта нудат поголема практичност и искористливост на возилото.

– Возилото содржи технологија која го прави возењето полесно, вклучувајќи ги Нead-up vision и 3D поврзаниот систем за навигација, тука е CITROËN Connect Nav и технологиите за безбедност како што се: сигнализација за Coffee Break Alert, што упатува на пауза по два часа непрекинато возење, Driver Attention Alert, сигнализација при нарушена концентрацијата на возачот, и Collision Risk Alert. Опремен со сите овие технологии и карактеристики, SpaceTourer освои максимални пет ѕвездички на тестовите на Euro NCAP.

– Најновата генерација на дизел мотори од семејството BlueHDi до 180 КС и 400 Nm вртежен момент, а најниска потрошувачка на гориво и емисија на CO2 во својот сегментот моторот (BlueHDi 115 S & S,  5,1 l/100 km и 133 g./ km CO2).