April 11, 2018

CITROËN СО НОВА КАМПАЊА ЗА МАРКАТА: ‘INSPIRED BY’ ИНСПИРИРАНА ОД ВАШАТА ЖЕЛБА ЗА СЛОБОДА УШТЕ ОД 1919!

CITROËN СО НОВА КАМПАЊА ЗА МАРКАТА: ‘INSPIRED BY’ ИНСПИРИРАНА ОД ВАШАТА ЖЕЛБА ЗА СЛОБОДА УШТЕ ОД 1919!

Citroën започнa нова кампања на марката чија порака e ‘Нашата визија за мобилност произлегува од вашата желба за слобода.’

Овој нов интернационален филм ја истакнува сценографијата на потписот Citroën INSPIRED BY YOU, инспириран од животот на луѓето низ годините и нивната желба за мобилност на сите наредни генерации.

Филмот не носи низ времето, каде моделите на Citroën ја раскажуваат приказната за желбата за слобода на еден авто-стопер.CITROEN_CAMPAGNE_DE_MARQUE_2018_TYPE_H_1

Овој авантурист патува наизменично во 2CV, Type H, Méhari, CX, Visa GTi, C3 Aircross, новиот C4 Cactus, сѐ до иднината инкарнација во концепт автомобилот CXPERIENCE. Ода на мобилноста и на марката која ја промовира уште од 1919!

CITROEN_CAMPAGNE_DE_MARQUE_2018_CX

Претпремеирно ви го прикажуваме овој филм:

Од 2CV до CX, од Traction до Méhari, од Berlingo до C4 Cactus, години наназад Citroën ги набљудува луѓето, нивната желба за аванатура, за слобода, за фамилијарни авантури, за патувања со пријатели со автомобили кои ја поседуваат интелигенцијата потребна за нивниот живот.CITROEN_CAMPAGNE_DE_MARQUE_2018_C3_AIRCROSS

Новата официјална кампања ја отсликува историјата на марката која започна во 1919: « Нашата визија за мобилност произлегува од вашата желба за слобода. ».

CITROEN_CAMPAGNE_DE_MARQUE_2018_NEW_BERLINE_C4_CACTUSЗа да заживее потписот на марката « INSPIRED BY YOU », за првпат претставен во октомври 2016, Citroën ја довери изработката на филмот кој е подготвен да не прошета низа различни епохи, каде моделите на марката ја придружуваат  потребата за слобода на еден авто-стопер, на агенцијата Traction (BETC). Овој авто –стопер наизменично се вози во 2CV, Type H, Méhari, CX, Visa GTi, C3 Aircross, Новиот C4 Cactus, … и на секој автомобил се менува соодветната епоха.

CITROEN_CAMPAGNE_DE_MARQUE_2018_CXPERIENCE

 « Марката Citroën е популарна околу 100 гоцини токму затоа што се инспирира од секојдневиот живот на луѓето: студент во 2CV, но и во C1, до највисоките државни власти во CX и во C6 » изјави Arnaud Belloni, постар подпретседател на Marketing & Communication во Citroën. « По лансирањето на потписот ‘CITROËN INSPIRED BY YOU’ пред помалку од две години,овој нов филм се базира на легендарните возила на марката, без да биде класичен историски филм. Марката отсекогаш била посветена на очекувањата на луѓето за нивните возила и општо во делот на мобилноста. Оваа заедничка историја исто така резонира и со нашата тековна гама, со нејзината единствен дизајн и првокласен комфор! »

Како раскажувач на епопејата, главниот актер не е возач туку патник, а агенцијата ја посвети изработката на најдобрите француски реализатори и оператори: François Rousselet (Nike, AXE, Diesel, но и спотовите за J.U.S.T.I.C.E и на Rolling Stones) и Stéphane Fontaine (De battre mon coeur s’est arrêté, Captain Fantastic, Jackie…).

Сликите се придружени од музичките евергрини, « Take a long way home », од Roger Hodgson, основач на Supertramp.

 

Филмот е снимен во Шпанија, Сиера Невада и Барселона и се емитува во секвенци од 30, 45 и 60 секунди, а кампањата започнува на 4 април во Европа (Холандија, Шпанија, Франција на 15/04, Белгија, Италија, Швајцарија, Германија, Португалија, Велика Британија, Полска).

Потоа оваа кампања ќе се рашири во сите земји каде што е присутна марката. Исто така ќе биде комплетирана со дигитална верзија во траење од 90 секунди.