July 14, 2016

CITROËN СИ СОЗДАДЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ПРЕДНОСТ

CITROËN СИ СОЗДАДЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ПРЕДНОСТ

За затворање на европската сезона на FIA WTCC, Citroën C-Elysée WTCC го имаше почесното место на улиците во Вила Реал

За затворање на европската сезона на FIA WTCC, Citroën C-Elysée WTCC го имаше почесното место на улиците во Вила Реал. Вторите позиции на Иван Милер и на Том Шилтон му овозможија на Citroën да создаде поголема предност на врвот на Светскиот шампионат во категорија Производители. Двапати петтопласиран, Хозе Мариа Лопез ги задржа своите 101 поени предност во категорија Возачи.

Под огнено сонце, конкурентите на FIA WTCC ја стартуваа трката за отворање во попладневните часови. Првите стотина метри беа одлучувачки.

Со стартувањето од втората линија, Том Шилтон се закотви на втората позиција зад воланот на својот Citroën C-Elysée WTCC во рамки на екипата SLR. Хозе Мариа Лопез беше на петтата позиција веднаш зад Мехди Бенани. А пак Иван Милер остана на деветтата позиција.

На крајот од овој седми викенд на сезоната, Citroën ја зголеми звојата предност за 10 поени на Светскиот шампионат во категорија Производители. Во делот Возачи, Хозе Мариа Лопез солидно ја чува својата лидерска позиција. Негов најблизок противник е Тиаго Монтеиро кој заостанува за 101 поен.

Следната трка на Светскиот шампионат FIA WTCC ќе се одвива во родната земја на Пекито. На 6-ти и 7-ми август во Термас де Рио Хондо ( Аргентина).

ПЛАСМАН

Трка за отворање

1. Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
2. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
4. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
5. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
6. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
7. Thed Björk (Volvo S60 WTCC)
8. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
9. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
10. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
16. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)

MT : Hugo Valente en 2’00’’608


ГЛАВНА ТРКА

1. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
2. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
4. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
5. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
6. Thed Bjork (Volvo S60 WTCC)
7. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
8. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
9. Hugo Valente (Lada Vesta WTCC)
10. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
12. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)

MT : Rob Huff en 1’58’’385

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВОЗАЧИ
1. José María López 244 поени
2. Tiago Monteiro 143 поени
3. Nick Catsburg 139 поени
4. Mehdi Bennani 134 поени
5. Yvan Muller 133 поени
6. Norbert Michelisz 127 поени
7. Rob Huff 124 поени
8. Gabriele Tarquini 104 поени
9. Tom Chilton 103 поени
10. Tom Coronel 75 поени
15. Grégoire Demoustier 11 поени


СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

1. Citroën 609 поени
2. Honda 427 поени
3. Lada 368 поени
4. Polestar 170 поени