October 27, 2015

Citroën: секогаш во срцата на Французите!

DS и 2CV: омилените автомобили на Французите!

Citroën сеуште има монопол во срцата на луѓето со DS и 2CV

“Дали знаете кои автомобили Французите ги сакаат највеќе изминатите 70 години?

Според една неодамнешна анкета на RTL Auto Plus, Французите се многу во приврзани на големите класици од марката со двоен шеврон. Не е изненадување дека легендарниот Citroën DS и многу саканиот 2CV ги завзедоа првите две места на подиумот.

Со секој модел доби 37% од гласовите, а наоѓањето на победник помеѓу овие два автомобили се сведе на децимални поени. Како многу ” претседателски ” автомобил, DS го евоцира престижот на функцијата. Што се однесува до 2CV, за многу Французи, тој го доловува духот на слободата и спомените од нивните први патувања со пријателите. Французите имаат многу добри причини да го сакаат Citroën. И Citroën има над 60 милиони добри причини да им се заблагодари продолжувајќи со духот на едноставноста што е таму од самиот почеток.

Над 95 години на храброст и креативност го направија Citroën најколекционерска автомобилска марка во светот. Секој во Франција има приказна да раскаже за Citroën! “