January 18, 2017

CITROËN ЗАПОЧНУВА НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО СВОЈАТА СПОРТСКА ИСТОРИЈА СО C3 WRC

CITROËN ЗАПОЧНУВА НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО СВОЈАТА СПОРТСКА ИСТОРИЈА СО C3 WRC

Моментот кој сите фанови на WRC со нетрпение го очекуваат е конечно пред нас: за неколку денa, светскиот шампионат во рели 2017 ќе започне со легендарната трка во Монте Карло. Citroën C3 WRC – дизајниран да ги задоволи новите стандарди на FIA – ќе го направи своето натпреварувачко деби. Почетниот круг на сезоната ќе го возат Kris Meeke / Paul Nagle и Stéphane Lefebvre / Gabin Moreau, со две возила.

РЕЛИ МОНТЕ КАРЛО: ЕДНОСТАВНО ЛЕГЕНДАРНО !

85-то издание на најстарата рели трка во светот е распоредено во четири денa. Стартот е закажан за 19 јануари во Монако. Натпреварувачите ќе имаат две ноќни рути, од кои едната е новина годинава. По краток ноќен одмор, вториот ден ќе биде исклучително напорен, со два круга од три етапи во Изер и на Алпите. Во сабота натпреварувачите се враќаат во Монако, со што ги завршуваат петте етапи. Последната етапа ќе се вози без никаква асистенција сè до врвот на Турини. Пристигнувањето во престолнината е предвидено за недела на 22 јануари.

ПРЕДИЗВИЦИ: ЗАПОЧНУВАЊЕ НА НОВА ЕРА ЗА WRC

На кое ниво се перформансите на возилата? Дали ќе ја имаат неопходната сигурност? Која екипа најдобро ќе се адаптира на новите возила? Бројни прашања на кои, барем делумно, ќе имаме одговори на крајот на трката во Монте Карло.

Членовите на екипата на Citroën Total Abu Dhabi WRT со возбуда и нетрпение го очекуваат означувањето на стартот, за да откријат дали неуморната работа и посветеност изминатите две години, ќе ги задоволат амбициите на марката.

 

По повод официјалното враќање на екипата на Citroën во WRC, со апликацијата WhatsApp, имате на располагање во секој момент  директни информации, пласмани, вести, фотографии и филмови.

Кликнете овде, бесплатно е!

 

17 планирани рути кои покриваат вкупно

382,65 km

76 учества, вклучувајќи 10 WRC 2017

41 пневматици по екипа,

22 различни експерти работат во екипата на Citroën Racing: инженери, механичари, специјалисти за мотори, метеоролози, новинари, готвачи, возачи …

 

unnamedYVES MATTON, ДИРЕКТОР НА CITROËN RACING
« Како и на секој почеток, сметаме дека уште неколку дена би ни биле добредојдени, за да работиме повеќе на развој на возилото. Развојот на C3 WRC е еден од најкратките во историјата на Citroën Racing и треба да се истакне изворедната посветеност на екипата во последните неколку месеци. Во нашите гени тече натпреварувачка крв, но сепак треба да видиме каде се наоѓаме во однос на нашите конкуренти. Крис го заслужи своето учество во ова рели.  Крег го подготвуваме за победа. На почеток имаме само две возила, што значи дека немаме џокер. »

 

lorenLAURENT FREGOSI, ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР
« Тргнуваме со чувство дека ги направивме сите потребни тестови за подготовка на ова рели.  Подготвителните работи пред трката во Монте Керло се одвиваат во две насоки: тестирање на пневматиците и функционирањето на подесувањата на ова ново возило. »

 

krisKRIS MEEKE
« Дојдовме до моментот кога мора да бидеме подготвени за стартот на ова рели! По последните тест возења, јас сум нетрпелив и возбуден за новата етапа. Се надевам дека целосно ќе се сконцентрирам на мојата улога како пилот. Монте Карло бил отсекогаш тежок за нас. По секоја асистенција мора да ги одбереме најдобрите или најмалку лошите пневматици. Citroën Racing има огромно искуство на кое може да се потпреме.Со право се вели деки сè е можно во Монте Карло. »

Број на учества: 8
Најдобар резултат : 3-то место (2014)

 

stevSTÉPHANE LEFEBVRE
« Малку по малку станувам свесен дека она за што зборувавме во идно време, сега станува сегашност! Секојдневно сме заедно со инженерите и работиме и на најситните детали на моето возило. Ништо не оставам на случајност и навистина е изворедно да се биде дел од оваа работна екипа. Целта на оваа моја прва трка е да се пласирам и да заработам максимален број поени за Citroën. »
Број на учества: 3
Најдобар резултат : 5-то место(2016)

 

cragCRAIG BREEN
« Овој викенд за мене ќе биде порелаксирачки, затоа што ќе ја започнам сезоната со стар автомобил, а и поради моето мало искуство во рели во Монте Карло. Ова ќе ми биде можност да ја констатирам разликата помеѓу двете генерации на World Rally Cars. Мој приоритет ќе биде да направам што е можно повеќе километри, но ќе бидам задоволен и ако освојам бодови, кои ќе бидат од корист на крајот од сезоната. »
Број на учества : 2
Најдобар резултат : 13-ти (2015)

 

ПРОГРАМА 85ТО РЕЛИ МОНТЕ КАРЛО

СРЕДА 18 ЈАНУАРИ
16h00 : shakedown (Gap)
ЧЕТВРТОК 19 ЈАНУАРИ
18h11: Старт ден 1 (Monaco – Place du Casino)
20h14 : ES1 – Entrevaux – Val de Chavalgne – Ubraye (21,25 km)
22h57 : ES2 – Bayons – Bréziers 1 (25,49 km)
00h02 : Асистенција A (Gap – 48’)
ПЕТОК 20 ЈАНУАРИ

09h00 : Старт Ден  2 и асистенција B (Gap – 18’)
10h11 : ES3 – Agnière en Devoluy – Le Motty 1 (24,63 km)
10h44 : ES4 – Asprès les Corps – Chaillol 1 (38,94 km)
11h47 : ES5 – St Léger les Mélèzes – La Batie Neuve 1 (16,83 km)
13h02 : Асистенција C (Gap – 33’)
14h28 : ES6 – Agnière en Devoluy – Le Motty 2 (24,63 km)
15h01 : ES7 – Asprès les Corps – Chaillol 2 (38,94 km)
16h04 : ES8 – St Léger les Mélèzes – La Batie Neuve 2 (16,83 km)
17h14 : Асистенција D (Gap – 48’)

САБОТА 21 ЈАНУАРИ
07h17 : Старт ден 3 и асистенција E (Gap – 18’)
08h08 : ES9 – Lardier et Valenca – Oze 1 (31,17 km)
08h58 : ES10 – La Batie Monseleon – Faye 1 (16,78 km)
10h07 : Асистенција F (Gap – 33’)
11h13 : ES11 – Lardier et Valenca – Oze 2 (31,17 km)
12h08 : ES12 – La Batie Monseleon – Faye 2 (16,78 km)
13h17 : Асистенција  G (Gap – 33’)
15h03 : ES13 – Bayons – Bréziers 2 (25,49 km)
16h23 : Асистенција H (Gap – 48’)
21h11 : Затворање на паркот (Monaco)
НЕДЕЛА 22 ЈАНУАРИ

07h40 : Старт ден  4
09h22 : ES14 – Lucéram – Col St Roch 1 (5,50 km)
10h12 : ES15 – La Bollène Vésubie – Peira Cava 1 (21,36 km)
11h16 : ES16 – Lucéram – Col St Roch 2 (5,50 km)
12h18 : ES17 – La Bollène Vésubie – Peira Cava 2 (21,36 km)
13h53 : Затворање на паркот
15h00 : Доделување награди  (Place du Palais Princier – Monaco)

 

РЕТРОСПЕКТИВА: 2003 РЕЛИ МОНТЕ КАРЛО

Citroën го состави “тимот на соништата” со светските шампиони Carlos Sainz и Colin McRae ѕвездата која доаѓа Sébastien Loeb. Трите Citroën Xsara WRCs имаа трка без проблеми сѐ до крајот. Оваа извонредно освојување на првите три места, го означи доаѓањето на Citroën како главна сила во WRC и го најави почетокот на исклучителен период на доминација на Црвената Армија!

СЕДУМ ПОБЕДИ НА CITROËN НА РЕЛИТО МОНТЕ КАРЛО
2013: Loeb / Elena (Citroën DS3)
2012: Loeb / Elena (Citroën DS3)
2008: Loeb / Elena (Citroën C4)
2007: Loeb / Elena (Citroën C4)
2005: Loeb / Elena (Citroën Xsara)
2004: Loeb / Elena (Citroën Xsara)
2003: Loeb / Elena (Citroën Xsara)