October 13, 2014

CITROËN ПРОГЛАСЕН ЗА СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО FIA WTCC

CITROËN ПРОГЛАСЕН ЗА СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО FIA WTCC

- Возилата на Citroën C-Elysée WTCC остварија одличен и величенствен четирикратен успех во Шангај со победата на José María López пред Ma Qing Hua, Yvan Muller и Sébastien Loeb. Со овој редослед Citroën заслужено стана Светски шампион во класата на производители.
- Станува збор за прва меѓународна награда на Citroën по пет победи на Rallye-Raid и осум на WRC.
- На светскиот шампионат во класата на ‘Возачи’, José María López мое да направи уште еден дополнителен чекор до победа на следната трка во Сузука (24-26 октомври).

Со позиционирање на своите четири возила меѓу петте најдобри во квалификациите, Citroën Total остави огромен впечаток во Светската патека во Шангај. Стартот на првата трка беше пред преполни трибини поради Ma Qing Hua, кој беше поставен на првата линија.

Со исклучувањето на светлата, José María López се нурна Burberry T-Shirts пред својот кинески колега и Yvan Muller. Поставен на петтата линија, Sébastien Loeb не успеа да земе залет и првиот круг го заврши како седумрангиран. Со огромен елан во својата земја, Ma Qing Hua го нападна Pechito López. По неколку блокирања на сопирачките, водачот ја сочува предноста без да успее да создаде и најмала разлика.

Во меѓувреме, Sébastien Loeb започна спектакуларни преминувања. Круг по круг, Tiago Monteiro, Gabriele Tarquini и Norbert Michelisz се повлекоа пред наездата на екс рели возачот. На половина од трката се зацрта четирикратниот успех на Citroën !

Возилата Citroën C-Elysée се групираа со приближувањето до знамето со квадратести полиња со цел да го овековечат овој историски момент за марката. José María López, Ma Qing Hua, Yvan Muller и Sébastien Loeb им ја обезбедија титулата Светски шампион во класата на производители на својата екипа.

Моментите до победа се броеја, стартот на вториот дел беше даден неколку минути подоцна. Користејќи ги предностите на обратниот редослед, Sébastien Loeb беше одлично поставен. Уште на првите свиоци, Yvan Muller се доближи до својот колега. Loeb се обиде да го помине Hugo Valente, но Muller ја искористи шансата за претекнување!

Sébastien Loeb ненамерно го поткачи Yvan, кој ја напушти трката со скршено тркало назад. José María López се излизга на подлогата и набрзо се искачи на третата позиција! Го помина знамето со квадратести полиња на таа позиција, одбележувајќи важни поени за Светскиот шампионат во класата на ‘Возачи’. Ја помина целната линија како четвртопласиран, Sébastien Loeb заработи казна од 30’’ заради неговата манвра и беше класифициран надвор од првите десет. Со одличните преминувања со Norbert Michelisz и Tom Coronel, Ma Qing Hua заврши петти.

ИЗЈАВИЈА

Julien Montarnal, Директор на маркетинг, Комуникација Спорт Citroën : « Овие победи и оваа награда се од огромна важност за Citroën. Професионализмот, енергијата и страста за Citroën Racing ни ittonline ги обезбедија овие резултати за кои ниту на сон не се надевавме. Си дозволивме една година за да научиме, а ние за оваа година победивме! Се заблагодарувам на целата екипа, на сите оние кои овозможија марката Citroën да се најде на заслужената позиција: победничката. Со оваа награда во Шангај, го имавме најдоброто сценарио. Кина е нашиот прв пазар, затоа што едно од четири Citroën возила се продаваат во Кина. Сите наши гости, концесионери и клиенти имаа можност да уживаат во технолошката генијалност на Citroën. »

Yves Matton, Директор на Citroën Racing : « Сезоната не е сеуште целосно завршена, но може да констатираме дека станува збор за една многу важна година. Успешна година  која започна пред осумнаесет месеци, кога и го отпочнавме овој проект. Било во нашиот технички центар во Версај или на терен, целата екипа внесе огромна енергија уште на стартот на шампионатот. Со одлично возило и фантастична екипа, остваривме исклучителни резултати. Посебна благодарност сакам да му одадам на Yvan Muller, за неговиот ангажман во нашата екипа. Навистина е прекрасно што остваривме четири победи во Кина, и го поставиме Ma Qing Hua на подиумот. »

José María López : « Ова беше многу важен викенд а јас бев малку понервозен од вообичаено. Прекрасно е, и од огромна важност што ја добивме наградата за Производители на Citroën Racing. Браво за секој, и сметам дека трката со автомобили е екипен спорт, иако најголемата слава ја добива возачот. Не беше воопшто лесно да ја однесеме оваа седма победа, затоа што Ma Qing Hua постојано ми правеше притисок. Ова докажува дека победата во Москва не беше случајност! »

Ma Qing Hua : « Најнапред, благодарам и браво на Citroën Total. Покрај одличниот викенд, и целата сезона беше преполна со успеси. Екипата го даде максимумот, со што се компензираше моето неискуство во возењето и многу ме мотивираше нивната поддршка. Во трката 1 завршив како второпласиран, веднаш до победникот, што е навистина добар резултат. За мене ова има поголема вредност од мојата победа во Москва. »

Yvan Muller : « Лично за мене ова не беше најдобриот викенд. Впрочем не беше ниту најдобра сезона! Но јас сум среќен за овој резултат на екипата. Ја започнавме нашата соработка пред петнаесет месеци и е голем успех што ја добивме оваа награда. Целосно сум задоволен од механичарите, инженерите, од сите. »

Sébastien Loeb : « Првата трка беше многу возбудлива. Направив грешка на стартот, ама одлично се борев со останатите и ги преминував, за на крај да ја завршам трката како четврти. Оваа четирикратна победа ќе се запамети како важен момент за сите нас ! Во вториот дел, бев малку претерано оптмимист и при едно сопирање ненамерно го удрив Yvan. Навистина ми е жал за него, а мојата казна е заслужена. Најважниот момент од денот е сепак наградата на екипата ! »

РЕЗУЛТАТИ

ТРКА 1
1. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Ma Qing Hua (Citroën C-Elysée WTCC) +2’’089
3. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC) +5’’793
4. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC) +6’’175
5. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC) +16’’050
MT : Ma Qing Hua en 1’50’’833

ТРКА 2
1. Mehdi Bennani (Honda Civic WTCC)
2. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC) +2’’590
3. José María López (Citroën C-Elysée WTCC) +4’’041
4. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC) +13’’976
5. Ma Qing Hua (Citroën C-Elysée WTCC) +14’’416
13. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC) +37’’197
MT : Gabriele Tarquini (Honda Civic WTCC) en 1’51’’316

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ  ‘ВОЗАЧИ
1. José María López 384 поени
2. Yvan Muller 291 поени
3. Sébastien Loeb 251 поени
4. Tiago Monteiro 170 поени
5. Norbert Michelisz 142 поени

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ
1. Citroën Total 848 поени
2. Honda 574 поени
3. Lada 334 поени

* Во очекување на официјалните резултати публикувани од FIA