September 20, 2016

CITROËN НА САЕМОТ ВО ПАРИЗ 2016 : ПОИНАКВА ВИЗИЈА НА АВТОМОБИЛОТ

Годинава на Саемот на автомобили во Париз, Citroën ќе го внесе посетителот во свет создаден според имиџот на марката, светол и топол, со конкретни докази за своето мото : « Be Different, Feel Good ».

Модерна визија на поимот автомобилски комфор кои се отсликува во новата гама на возила започната со комерцијализација на новиот C3, два концепти кои (отвораат ново поглавје за) ја креираат новата историја на Citroën, како и претставувањето на услуги и технологии кои се целосно во дослух со нашето секојдневие.

Citroën на Саемот во Париз ќе претстави оригинално автомобилско искуство со:

– комплетна гама која се надоврзува на C4 Cactus, доказ за капацитетот на Citroën да воведе свежина во својата понуда со оригинален дизајн, комфор но и технологија. Симобол на новиот елан на Citroën, новиот C3 ексклузивно претставен рамо до рамо со последните новитети : E-Mehari, SpaceTourer, но и Нов C4 Picasso. Модели кои целосно се посветени на комфорот и новиот потпис Citroën претставен преку новата програма на Citroën Advanced Comfort® ;

– два нови концепт автомобили ќе бидат претставени премиерно. Првиот, CXPERIENCE, кој ги поместува сите стереотипи за дизајн и комфор од високата гама, докажувајќи го на тој начин капацитетот на Citroën да биде важен актер во сите сегменти. Вториот концепт автомобил го одбележува почетокот на една спортска авантуран Citroën (повеќе информации од 20 септември);

– услуги и технологии за оптимална подвижност и поедноставување на животот на автомобилистите. Во делот на поврзаноста, системи кои се вградени во возилата: ConnectedCAM CitroënTM кај C3, Citroën Connect Nav (нов систем на 3D навигација со гласовно препознавање), Citroën Connect Packs (monitoring, mapping, tracking) како и понудата на Citroën Connect Box со Pack SOS & Assistance.Услуги целосно посветени на клиентите: Citroën Advisor и новиот Product Advisor: он лајн интерактивна веб страна за продажните салони и 2 производи на Citroën, ексклузивитет во автомобилизмот или пак Citroën Carstore : веб страна за споредба на новите возила достапни во мрежата на Citroën как о директна нарачка на саканиот модел он лајн. Треба да се набројат и услугите од апликацијата My Citroën за поедноставување на животот на клиентот (потсетување на одржување на возилото, асистенција, закажување термин итн…) како и новите услуги за подвижност на Citroën Rent;

– разнобоен и шаренолик , осветлен и топол штанд. Вистински простор за живеење со Maison Citroën, Le petit Citroën, како и анимациите Citroën Origins, Photocall Connected Cam CitroënTM . Место кое едноставно не можете да го одминете а кое е доказ на своето мото « Be Different, Feel Good », каде секој посетител ќе може да доживее уникатно искуство со новиот концепт на продажните салони на Citroën.