September 30, 2014

CITROËN НА САЕМОТ НА АВТОМОБИЛИ ВО ПАРИЗ : УЖИВАЊЕ ПОД АГОЛ ОД 360°

CITROËN НА САЕМОТ НА АВТОМОБИЛИ ВО ПАРИЗ : УЖИВАЊЕ ПОД АГОЛ ОД 360°

Креативност и технологија создадени за уживање : верна на своите гени, CITROËN се истакнува на Саемот на автомобили во Париз како марка која е целосно посветена на уживањето и удобноста . Од производ до односи со клиенти, преку технологија, CITROËN ја продолжува својата посветеност и своето ново позиционирање со понуда на нов однос кон автомобилот кој станува поубав, попријатен и полесен.

Оваа модерна и оптимистичка Burberry Coats визија на автомобилот се потпира пред сè на производот.
CL 14.134.140

CITROËN со својот авантуристички дух ја одбележа историјата на автомобилизмот со понуда на возила со оригинален дизајн, удобни, со лесна употреба и функционални. Амбицијата на марката денес е да создаде повеќе од тоа што клиентот навистина го очекува и бара : повеќе дизајн, повеќе комфор, повеќе корисна технологија и сето тоа со разумна цена на чинење.

André CITROËN се истакнувал со своите комуникациски Cheap Burberry Outlet UK способности и неговото чувство за услуга. Денес CITROËN нуди нови ангажмани во своја мрежа, оригинални решенија за купување и иновативни услуги. Однос со автомобилот ослободен од стрес и полн со доверба и искреност, за клиентот да доживее искуство на « feel good ».

CL 14.134.137

Ова ново позиционирање се конкретизира на штандот на Саемот на автомобили во Париз 2014 со:

    1. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОФАНЗИВАТА ПРОИЗВОД

 За една година , CITROËN комерцијализираше 4 нови модели кои целосно ги отсликуваат вредностите на марката:  јасен и оптимистички дизајн, хомоген комфор, видлива технологија и реално корисна.

На Саемот во Париз ќе бидат претставени:

–    CITROËN C4 CACTUS : најактуелниот модел на марката. Доказ за новото позиционирање на CITROËN. Алтернатива на компактните берлини од сегментот C која поставува нови дефиниции на автомобил.

CL 14.134.184

 

CL 14.134.168

–    Новиот CITROËN C1 : лансиран пред неколку седмици. Практичен и удобен градот е негова природна средина. Неговиот покрив  Airscape додава уште една нишка во уживањето. Како ексклузивност на Саемот во Париз  ќе биде претставен и CONCEPT C1 URBAN RIDE. Го докажува потенцијалот на персонализација на ова урбано возило кое постанува авантуристичко. Возило со енергичен и забавен карактер новиот CITROËN C1 со стил на SUV ја истакнува  својата заштиничка природа.

–     CITROËN C4 Picasso & Grand C4 Picasso : за само неколку месеци постанаа лидери во сегментот на моноволумени во Европа, со нарачка на 150 000 возила од нивното лансирање.

  1. 2. ДЕМОНСТРАЦИЈА НА КОРИСНА ТЕХНОЛОГИЈА СОЗДАДЕНА ЗА УЖИВАЊЕ

 

Отстранување на се што е вишок и непотребно и сочувување на ittonline она што е најважно за клиентот. Пронаоѓање на солуции за смирено и релаксирано возење, за намалување на трошоците за одржување и употреба и влијанието врз животната средина. На штандот на CITROËN ќе бидат претставени:

–    Концептот  C4 CACTUS AIRFLOW 2l : вистинска лабораторија на идеи, спој на дизајн и аеродинамичност, конкретни солуции за намалување на тежина и иновативен моторен погон кој гарантира економично возило кое троши до 2l/100km.

–   TECHNO ROOM, со :

–   Бензински мотори  PureTech и Diesel BlueHDi од најнова генерација, компатибилни со  Euro 6,

–   вградени технологии во нашите возила за олеснување на секојдневниот живот на возачот и на патниците

–   CITROËN CONNECT : оперативни услуги преку интернет поврзување.

  1. ОРИГИНАЛНО ИСКУСТВО ЗА КЛИЕНТ.

–   CITROËN & VOUS : прецизни и конкретни ангажмани на мрежата CITROËN во однос на клиентите и стекнување на нивната доверба. Доказ за тоа е интерактивна интернет страница на марката наречена CITROËN Advisor, за внесување на мислења на клиентите на CITROËN за квалитетот на услугите на мрежата од купување на возилото до задоволството од послепродажбата.

–   Солуциите  SimplyDrive & FlexiDrive : иновативни решенија за купување на возило. Деловен закуп со сè вклучено кај CITROËN C4 Cactus.

  1. ГЛОБАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ

–  CITROËN C-ELYSEE WTCC : спортски успех на CITROËN RACING, доказ Burberry Men за умешноста и успехот на марката на интернационално нивоCL 14.134.142

–  Успехот на CITROËN во Кина и претставувањето на C3-XR во C42 на  30 септември.

 

Саемот на автомобили во Париз ќе ги отвори своите врати за посетителите во сабота  4 октомври 2014. Штандот на CITROËN се наоѓа во Хала 1 (C320).

CITROËN дизајнираше и специјален мини сајт посветен на Саемот со приказ во живо на видеа снимени директно преку Google Glasses носени од страна на хостесите . Погледneте повеќе на http://mondial2014.citroen.fr/index