October 30, 2013

CITROËN НА 65от саем во франкфурт, во знакот на преродба

CITROËN НА 65от саем во франкфурт, во знакот на преродба

CITROËN на Саемот во Франкфурт се претстави со:

Линија C која која влегува во вистинска епоха на промени со новите CITROËN C4 Picasso (16 000 продажби) и Grand C4 Picasso. Преродба која се изразува и преку CITROËN CACTUS, предвесник на новите модели на линијата C. Со ова концепт возило, CITROËN воведува нови вредности.

-Линија DS постојано динамична и привлечна (повеќе од 370 000 продажби од 2010 од кои 66 % остварени со освојување) со ексклузивното ниво на опременост Faubourg Addict понудено кај четирите модели : CITROËN DS3, DS3 Cabrio, DS4 и DS5. Претставени се CITROËN DS3 Cabrio Racing и за првпат во Европа, Wild Rubis, две концепт возила кои се потврда за креативна бестрашност на овие производи со препознатлив стил. Линијата DS е меѓународно поддржана со отпочнување на производство на DS5 во Кина во фабриката Shenzhen, за локалниот пазар;

-технолошка офанзива достапна за широка употреба, според имиџот на новата модуларна платформа на групацијата PSA Peugeot Citroën EMP2 за првпат употребена за новите CITROËN C4 Picasso и Grand C4 Picasso, best in class во делот на емисија на CO2 со верзија од само 98 g/km. Créative Technologie се преведува со понуда ефикасни мотори според имиџот на новите мотори Euro 6 BlueHDi кои се спој на најефикасна технологија која го преработува NOx и истовремено ја намалува емисијата на CO2, достапни со 150 КС кај новите CITROËN C4 Picasso и Grand C4 Picasso но исто така и кај DS5 со 180 КС. Технолошка офанзива и со фамилијата бензински мотори PureTech, која отсега поседува и турбо, верзија за првпат лансирана кај CITROËN C4. Марката не запира тука и ја креираше солуцијата FullHybrid : HybridAir, кој применува воздух под притисок поврзан со хидраулика, умешно впишана во гените на CITROËN ;

-Илустрација за спортската преродба на Марката, е презентацијата на CITROËN C-Elysée WTCC кој ќе ја започне трката Светскиот Шампионат FIA за 2014, со двајца исклучителни пилоти : Себастијан Лоеб и Иван Мулер. Нов спортски и технолошки предизвик за Марката која веќе поседува 8 титули за светски шампион Производители на рели трките WRC.