May 3, 2016

Citroën лансира нова рекламна кампања каде главни јунаци се лутите птици

Citroën лансира нова рекламна кампања каде главни јунаци се лутите птици

На почетокот беше обична бесплатна видео игра за смартфон или таблет. Денеска имаат и сопствени анимации а на 12 мај ќе имаат и сопствен долгометражен филм. Станува збор за "The Angry Birds Movie" – Филмот на Лутите Птици. Овие птици се лути и уништуваат сè на нивниот пат , секаде каде што ќе поминат.

По повод лансирањето на нивниот долгоматражен филм кој ќе се прикажува во кино салите на Cineplexx од 12 мај во Скопје, Citroën оствари соработка со Sony Pictures Entertainment. Ја насетувате ли идејата?
Една птица, еден Citroën
Принципот е едноставен : секоја Лута Птица “Angry Bird” има свој Citroën.

Така во рекламниот оглас, лутата црвена птица Red го има својот Citroën C4 Cactus ;
енергичниот Chuck со својот Citroën C3;
помпезниот Judge Peckinpah со својот Citroën C-Elysée;
релаксираната Matilda со својот Citroën C4;
и за крај, елегантната Stella со Citroën C1.

Оваа огромна рекламна кампања која се рашири во повеќе од триесет држави во светот има исто така и рекламен спот за ТВ и за YouTube:

Запознајте ги “Angry Birds” во салоните на Citroën, во Skopje City Mall каде што од овој петок 6ти мај ќе биде изложен Citroën C4 Cactus со можност за тест возење, или пак учествувајте на фамилијарниот ден во Cineplexx Скопје на 14ти мај и забавувајте се.