September 26, 2016

CITROËN ЈА ПРОСЛАВУВА ТРИКРАТНАТА ТИТУЛА НА FIA WTCC*!

CITROËN ЈА ПРОСЛАВУВА ТРИКРАТНАТА ТИТУЛА НА FIA WTCC*!

Со трикратната последователна победа на FIA WTCC, Citroën брилијатно ги заврши трките во Шангај. На тој начин, Хозе Марија Лопез, Иван Милер и Менди Бенани со својот C-Elysée WTCC ја прославија првата трикратна победа во сезоната! Иван Милер се искачи на второто место на Светскиот шампионат во возачи, со значителна предност пред своите конкуренти а пак Мехди Бенани го понесе трофејот WTCC во категорија на независни возачи.

На почетокот на трката во Шангај Иван Милер беше поставен на осмата позиција а Хозе Марија Лопез беше поставен на десетатта позииција.

Со одличниот старт на Том Шилтон во рамки на екипата SLR, со својот Citroën C-Elysée WTCC се постави на втората позиција. Возачите на Citroën Total го завршија првиот круг на шестата и деветтата позиција!

Откако Таркини и Хилтон ја напуштија трката Иван Милер се пласираше трет, веднаш зад Мишелиц и Бјорк!

На три круга пред целта се групираа петмината први натпреварувачи и тоа по следниот редослед Björk потоа Michelisz, Muller, López и Catsburg !

Повторно, Citroën C-Elysée WTCC имаше одличен старт. Започнувајќи од пол позиција, Хозе Марија Лопез се постави пред Иван Милер и Мехди Бенани и ја затвори оваа трка со 36 поени во борба за вице-светски шампион.

Мехди Бенани ја постигна својата главна цел: трофејот на WTCC Trophy, за независни возачи.

ИЗЈАВИЈА

Yves Matton, Директор на Citroën Racing : « Овој викенд е навистина позитивен за Citroën Racing. Денес ја освоивме трикратната последователна титула за оваа сезона. Пекито го потврди својот статус на најдобар возач WTCC. Од друга страна пак Иван може да направи мала пауза со своето второ место на шампионатот ! Преостанува да се докажеме во Катар! Браво и за Мехди Бенани и неговата екипа SLR за титулата трофеј на WTCC Trophy, како и на Volvo и Thed Björk за нивните први победи во оваа дисциплина. »

Хозе Марија Лопез : « Фантастичен викенд за сите нас. Имавме највисоко ниво на перфроманси. »

Иван Милер : « Иако не победив, сепак два настани го одбележаа овој викенд. Најнапред титулата производители Citroën, што ме прави особено горд а потоа и break-от со Монтеиро со добивање на повеќе поени од него . Во Катар ќе се борам за втората позиција во шампионатот. »

Мехди Бенани : « Ова беше навистина тежок викенд за мене. Мојата цел е остварена со поените кои ги заработив во овие две трки ! »

ПРОВИЗОРЕН ПЛАСМАН

ТРКА ЗА ОТВОРАЊЕ

1. Thed Björk (Volvo S60 WTCC)
2. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
3. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
4. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
5. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
11. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
13. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)
NC. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
MT : Thed Björk en 1’52’’578

ГЛАВНА ТРКА

1. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
4. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
5. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
9. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
17. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)
MT : José María López en 1’52’’224

СВЕТСКИ ШАМИОНАТ ВОЗАЧИ  

  1. José María López 361 pts
  2. Yvan Muller 235 pts
  3. Tiago Monteiro 204 pts
  4. Norbert Michelisz 190 pts
  5. Rob Huff 180 pts
  6. Mehdi Bennani 176 pts
  7. Nick Catsburg 171 pts
  8. Tom Chilton 145 pts

… 16. Grégoire Demoustier 11 pts

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

  1. Citroën 869 pts
  2. Honda 625 pts
  3. Lada 493 pts
  4. Polestar 285 pts
* предмет на официјална потврда на резултатите од страна на FIA WTCC