June 8, 2016

CITROËN ГО ПОТВРДУВА ТЕХНОЛОШКИОТ НАПРЕДОК ВО ДОМЕНОТ НА КОМФОРОТ СО ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ХИДРАУЛИЧНО ПРОГРЕСИВНО ПОТПИРАЊЕ

CITROËN ГО ПОТВРДУВА ТЕХНОЛОШКИОТ НАПРЕДОК ВО ДОМЕНОТ НА  КОМФОРОТ СО ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ХИДРАУЛИЧНО ПРОГРЕСИВНО  ПОТПИРАЊЕ

Еден век, поимот комфор се поистоветува со Citroën. До ниво што « Confort Citroën » постана посебен потпис на Марката во делот на дизајн и корисна технологија.

Според развојот на очекувањата на клиентите, дефиницијата за комфор значително се измени и денес во себе опфаќа повеќе критериуми во делот на осветлувањето, ергономичноста или пак интернет поврзаноста. Во својата глобална димензија Citroën ја лансира програмата « Citroën Advanced Comfort ® ». Станува збор за програма која ја опфаќа актуелната гама, на пример новиот C4 Picasso, но истовремено и « Citroën Advanced Comfort® Lab’ », прототип кој во себе интегрира конкретни и оригинални технологии, од примерот на хидраулично прогресивно потпирање, иновативни седишта и нов начин за структурално спојување.

« CITROËN ADVANCED COMFORT® » : ГЛОБАЛЕН ПРИСТАП КОН КОМФОРОТ

Ако сакаме да го дефинираме со еден збор тогаш комфорот претставува повеќестепена реалност. Амортизација, држење на каросеријата, звучна изолација, седишта, осветленост, просторност во внатрешноста, ергономичност, прилагодливост … се само дел од параметрите кои ја дефинираат удобноста што ја чувствуваат патниците во автомобилот. Програмата « Citroën Advanced Comfort® » му овозможува на Citroën опредметување на сите димензии на комфорот при дизајнирање на своите модели. Слоганот на марката : « Be different, feel good » се состои во пронаоѓање на иновативни решенија за удобноста на возачот и неговите патници.  Комфорот на « Citroën » се наоѓа во сите негови модели, од највисоката гама до најдостапните возила.

Програмата « Citroën Advanced Comfort® » има четири цели :

  • Заштита на патниците од надворешните негативни влијанија како во делот на потпирањето така и на ниво на звучна изолација, за да се чувствуваат во возилата на Citroën како во заштитна капсула. Удобност во возењето;
  • Удобен престој во автомобилот со бројни просторни и практични прегради и фиоки. Удобен живот;
  • Целосно уживање при управување на возилото благодарение на интуитивна технологија, корисна асистенција во секојдневието, како и дигитално опкружување на патниците во автомобилот. Комфор при управување;
  • Гаранција за релаксираност на возачот во управувањето и приказ на информации кои му се навистина потребни за еден смирувачки внатрешен амбиент. Комфор на духот.

Со оваа програма, Citroën ја реафирмира својата легитимност и својата умешност во домен на комфорот со понуда на иновации за удобност на патниците која е единствена на пазарот. Програмата « Citroën Advanced Comfort® » е присутна во секоја етапа од дизајнирањето на возилата Citroën. Следејќи ги очекувањата на клиентите, оваа програма ја следи во чекор својата стилистичка и технолошка креација.

НОВ C4 PICASSO : ВИЗИЈАТА ЗА КОМФОР СПОРЕД CITROËN

Репер во категоријата на моноволумени, новиот C4 Picasso нуди подобар прием, богата понуда на опрема и динамички перформанси. Претставува вистински доказ за примена на програмата « Citroën Advanced Comfort® » која гарантира глобално уживање на сите патници.

1. Комфор во возењето / чувство на заштитна капсула

Изграден на платформата EMP2 на групацијата PSA, новиот C4 Picasso гарантира комфор во возењето карактеристичен за марката. Сочувани се амортизерите назад поставени вертикално а точката на артикулација е повисока на делот на потпирањето, со што се гарантира најефикасно филтрирање на нерамнините на подлогата. Ергономичен дизајн на седиштата како и избор на  компонентите за заштита на патниците од звуците и вибрациите од надворешноста. Седиштата исто така може да имаат функции на греење и масирање. Совозачот може да се опушти на неговото релакс полуелектрично седиште со посебна потпора за нозете. Звучниот и вибрацискиот комфор се посебно усовршени благодарение на филтирањето на просторот на моторот и вградувањето на изолациски дистанцери од две компоненти на подвозјето назад.

2. Удобен живот / комфор при престој во возилото

Со соодносот натрупаност/ оптимален внатрешен простор Новиот C4 Picasso одлично го менаџира просторот за секој од патниците. Модуларност на внатрешниот простор, независни седишта за сите места, конфигурација на внатрешниот амбиент според потребите и желбите. Местата за чување на предмети , распоредени во внатрешноста се доволно просторни  и практични, а централниот рафт е типичен пример за тоа.

3. Комфор при управување/ практична примена

Новиот C4 Picasso ги поседува најновите уреди во делот на парктичност и интернет поврзување.  Пристапот во автомобилот е поедноставен со системот за влез и старт  hands-free на возилото.  На овој начин отворањето на багажникот е детска игра. Со функцијата за отворање на багажникот со hands-free, доволно е само со ногата да поминете под штитникотназад за отворање.  Во делот на  интернет поврзување, новиот C4 Picasso им става на располагање на своите патници интуитивни системи за поврзување на смартфонот и приказ на централниот екран (MirrorLink, Apple CarPlay и Android Auto, кој ќе биде достапен кон крајот на 2016), навигација на (таблет на допир 7’’, гласовно препознавање) како и бројни услуги кои ги нуди Citroën.

4. Комфор на духот / духовно олеснување

Штом е зад воланот, возачот мора да биде концентриран. За да му помогне и духовно да се прилагоди , новиот C4 Picasso му дава на располагање бројни корисни уреди кои истовремено му го олеснуваат управувањето. Помош за старт на нагорнина, полуавтоматски систем за паркирање Park Assist или автоматско вклучување на светлата. Од електронските помошни уреди вреди да се спомнат несакано преминување на коловозната линија и надгледување на мртвиот агол кои ја гарантираат вашата смиреност и капацитетот на возилото да ве предупреди при незгодни ситуации.

Архитектурата на командната табла, која е навистина оригинална со таблетот на допир од 7’’ и екранот од 12’’ HD, нуди очигледна ергономичност и гарантира селектирање на информациите во зависност од нивната природа и новната важност. Комфорот се испорачува и со големите стаклени површини (5,30 m2) и спектакуларното ветробранско стакло : патничката кабина е потопена во светлина и ги брише граници.

« CITROËN ADVANCED COMFORT® LAB’ » : НЕВЕРОЈАТЕН КВАЛИТЕТ НА ФИЛТРИРАЊЕ

Од бројните димензии на поимот комфор, прототипот « Citroën Advanced Comfort® Lab’ » се концентрира на филтрирање на неправилностите на подлогата и ги групира во себе сите иновации на Citroën од овој домен. Штом возилото се движи по деформирана подлога, реперкусиите од надворешните негативни влијанија се пренесуваат до патниците во три етапи:

  1. a) потпирањето го прима влијанието од подлогата
  2. b) вибрациите се пренесуваат врз каросеријата
  3. c) вибрациите се пренесуваат до патниците преку седиштата

Прототипот « Citroën Advanced Comfort® Lab’ » претставува три иновации од кои по една за секој вектор со што ќе се доведе до намалување на вибрациите кои ги чувствуваат патниците, и на тој начин значително да се подобри комфорот во возењето.

  1. Хидраулично прогресивно потпирање

Експертизата на Citroën во доменот на поврзување со подлогата веќе не мора да се докажува. Повеќе од 95 години,  комфорот на потпирањето е впишано во гените на марката. Со тек на годините клиентите се навикнале на комфорот на Citroën, поинаков и единствен на пазарот. Базирајќи се на искуството и умешноста на инженерите кои создадоа ново потпирање чија цел е подобрување на квалитетот на филтрирање типично за Citroën.

Принципот на функционирање е едноставен а резултатот воодушевувачки. Класичното потпирање се состои од еден амортизер, една пружина и механички граничник, системот Citroën додава два хидраулични граничници – еден за отпушатање и еден за компресија. Потпирањето функционира во два периода:

  • При компресија и отпуштање, пружината и амортизерот ги контролираат усогласените вертикални движења без да се побара вклучување на хидрауличните граничници. Со вградување на овие граничници инженерите сакале да создадат ефект на «летечки килим », давајќи чувство како возилото да ги надлетува деформациите на подлогата;
  • При компресија и отпуштање, пружината и амортизерот ги успоруваат движењата на прогресивен начин со што се избегнува насилно завршување. За разлика од класичен механички граничник кој ја апсорбира енергијата, хидрауличниот граничник ја апсорбира и распространува оваа енергија.

Со оваа иновативна техничка солуција, возилата Citroën ќе гарантираат комфор кој е карактеристичен само за марката а ќе биде прифатен од страна на клиентите. Елеганција која ќе се применува во сите сегменти и за сите пазари: од урбани возила до возила од високата гама.

  1. Структурално лепење ( спојување) на каросеријата

Откако потпирањето ќе ја заврши работата со амортизирањето, се повикуваме на техниката на структурално спојување на каросеријата.  Индустрискиот процес на спојување, својствено и единствено за марката гарантира спојување на каросеријата со помош на испрекинато нанесување на слој лепак. При секое прекинување на лепак се прави електрично заварување со точка за да се комплетира поврзувањето.

Предности на структурално спојување на каросеријата:

 Прва предност се состои во значително зголемување на глобалната цврстина на каросеријата за оклу 20%, со што се допринесува во зголемување на изолација од надворешните вибрации. Втората предност на оваа техника на спојување со лепење е подобрување на перформансите на каросеријата без додавање на дополнителна тежина. Со прекинато поставување на лепакот се намалува бројот на електрично заварување со точки  а на тој начин се намалува чинењето за спојување на каросеријата. Овој начин на структурално спојување се користи кај сите модели на Citroën.

  1. Седишта инспирирани од текстилната индустријата

Седиштата се први елементи од возилата со кои патниците имаат контакт. Тие се првите елеметни кои гарантираат уживање и благопријатност штом се погледнат или се влезе во возилото. Покрај улогата за држење на возилото, допринесуваат за филтрирање на вибрациите во возилото и деформациите на патот.

Дизајнот на седиштата ја следи линијата на грбот и нуди оптимално држење во возењето како и избор на висококвалитетни материјали од кои се состои седиштето.  Душек со различна густина и тврдост во зависност од местото на седиштето каде се користи : поддржува или амортизира. За усовршување на комфорот на седиштата, Citroën ги адаптира на морфологијата на патниците понудувајќи им перфектен комфор со « меморирање на формата ». Обложени со оригинален душек, овие нови седишта го носат визуелниот потпис на Confort Citroën и гарантираат мекост без преседан.

Синтеза :

Прогресивно хидраулично потпирање, структурално спојување на каросерија и иновативните седишта на возилото демонстратор Citroën Advanced Comfort® Lab’ се трите иновации кои ги поседува ова возило на тој начин допринесува за квалитетно филтрирање на нерамнините на подлогата  и реафирмирање на потписот и умешноста на Марката во делот на комфорот.  Новиот C4 Picasso докажа како едно возило Citroën умее покрај комфорот во возењето да ги спои овие солуции и да понуди удобен живот, удобно управување и духовен комфор. Идните модели на марката ќе бидат по угледот на « Citroën Advanced Comfort® Lab’ » во делот на комфор во потпирањето.