September 3, 2015

CITROËN ФРАНЦИЈА ЌЕ ГО ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА BLUESUMMER, КАБРИОЛЕТ СО 4 СЕДИШТА 100% ЕЛЕКТРИЧЕН ОД ГРУПАТА BOLLORÉ

CITROËN ФРАНЦИЈА ЌЕ ГО ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА  BLUESUMMER,  КАБРИОЛЕТ СО 4 СЕДИШТА 100%   ЕЛЕКТРИЧЕН ОД ГРУПАТА BOLLORÉ

Во рамките договорот за стратешко парнтерство потпишан помеѓу PSA Peugeot Citroën и Групацијата Bolloré, токму CITROËN, во продажната мрежа во Франција ќе го пласира Bluesummer, кабриолет со 4 седиштаи 100% електричен, кој ќе биде целосно во согласност со вредностите на марката. Единствена можност за Групацијата Bolloré и за марката CITROËN.

Во јуни, PSA Peugeot Citroën и Групацијата Bolloré го објавија потпишувањето на договорот за стратешко партнерство. Договор кој предвидува дистрибуција и производство од страна на PSA Peugeot Citroën на електрично возило Групацијата Bolloré : Bluesummer. Додека на индустриски план, монтажата на возилото ќе биде обезбедена од страна на производните ленти на PSA Peugeot Citroën во рен од семптември 2015, на планот на дистрибуција, тука е CITROËN Франција кој се враќа на продажбата на Bluesummer. Всушност, Марката го потврди својот интерес за диструбуција во рамките на сопствената мрежа на кабриолетот со 4 седишта 100 % електричен и опремен со каросерија ABS PMMA обоено во масата. Смел и оригинален автомобил, целосно во согласност со вредностите на CITROËN. Групацијата Bolloré разви значајна експертиза во складирањето на електричната енергија и во развојот и монтирањето на електричните решенија. Присутна на пазарот на електричната мобилност, веќе наменета и развиена на повеќе возила, како и на моделот Bluesummer. Во рамките на парнерството, Групацијата Bolloré, ќе може да ја развие продажбата на автомобилот потпирајќи се на снагата и на експертизата на дистрибутивната мрежа на марката CITROËN, призната и поставена на целата територија на Франција.

« Ова парнерство со Групацијата Bolloré e можност за мрежата на CITROËN да ја зголеми продажбата и да внесе во сопствените продажни салони нова клиентела, привлечена од оригиналноста и свежината на Bluesummer, и исто така да го промовира единството на гамата », Филип Нарбебири, комерцијален директор на CITROËN и DS Франција.

Оваа согласност помеѓу Марката и Групацијата Bolloré е формализирана преку договорот за воспоставување на деловен однос со концесионерите на CITROËN кои секако ќе ја искористат оваа можност.