April 26, 2017

CITROËN И LE COQ SPORTIF: КРЕАТИВНА СРЕДБА ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ОД TYPE H

CITROËN претстави резултат од една убава дружба со друга францука креативна марка: Le Coq Sportif. Двете марки го прославуваат роденденот на моделот Type H, и го надоврзуваат со својот достоен следбеник, познат и признат по својот стил, комфор и практичност: Citroën Jumpy. Оригинална креација која можете да ја погледнете на Саемот во Бирмингем од 25 април.

ДРУЖБА МЕЃУ ДВЕ ПРЕКРАСНИ ФРАНЦУСКИ КРЕАЦИИ

Моделите Type H и Новиот Jumpy се надоврзуваат еден на друг веќе 70 години и претставуваат репер за CITROËN во сегментот на лесни комерцијални возила. И двата концепти  се одраз на визијата за дизајн која треба да го симболизира спојот меѓу убавото и функционалното:

–Type H автентичен пример за носталгичноста со примена на топли бои на материјали во внатрешноста;
– Jumpy се истакнува со својот модерен стил и дизајн во бела боја, посветен на едноставноста.

600x430_2

ДВЕ ПОДВИЖНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО ФРАНЦУСКИ БОИ

Type H И Новиот Jumpy се трансформирани во подвижни работилници за поправка на велосипеди. Последен крик на модата за овие две showcars возила кои се спој на креативната енергија и експертизата на центарот за стил на CITROËN како и центарот за стил на марката Coq Sportif.

– Type H игра на карта на автентичност и носталгија. Топол и пријатен амбиент кој се истакнува со својот комфор како и употреба на дрво во светла боја во делот на работилницата и страната каде се поставени алатите. Седиштата во кабината се изработени од природна кожа со чоколадна боја за да се истакне природниот карактер на материјалите;
–  Новиот Jumpy пак од своја страна игра на картата на модерно и прочистено. Изборот на дрво во црна боја што претставува контраст со седиштата во бела кожа и опшивки во боја на француското тробојно знаме- сино, бело, црвено.

600x430_3

Овие два модели премиерно ќе бидат претставени на штандот на Citroën на Саемот во Бирмингем, а потоа овие две  showcars возила ќе го придружуваат тимот на Le Coq Sportif на трката. Истите можете да ги доживеете и на социјалните мрежи под називите  #CitroënJumpy #LeCoqSportif