June 11, 2015

CITROËN Е НАЈОМИЛЕНА ФРАНЦУСКА НАЦИОНАЛНА МАРКА

CITROËN Е НАЈОМИЛЕНА ФРАНЦУСКА НАЦИОНАЛНА МАРКА

Најновото анкетно истражување на компанијата Posternak-Ifop за мерење на имиџот на националните марки кај французите излезе со нов извештај: CITROËN е на чело на листата и ја доби наградата за национална марка најомилена кај французите во сите категории заедно!

Најновото анкетно истражување на компанијата Posternak-Ifop за мерење на имиџот на националните марки кај французите излезе со нов извештај: CITROËN е на чело на листата и ја доби наградата за национална марка најомилена кај французите во сите категории заедно! Резултат кој е одраз на реализираната работа и ангажман на марката во процесот на редизајнирање.

 

CITROËN е најомилена француска национална марка, во сите категории според резултатите од анкетата за имиџ спроведена од страна на Posternak-Ifop, истражување кое беше направено во текот на месец мај 2015 на репрезентативен примерок на француска популација. Со индикатор за имиџ од 77, CITROËN се  поставува на првата позиција (заедно со Michelin) во конкуренција од 30 национални компании од сите сектори на делување.

За Линда Џаксон, Генерален директор на марката: « Овој резултат е одраз на реализираната работа и ангажман на марката во процесот на редизајнирање на марката CITROËN. Редизајн кој е препознатлив под агол од 360°, на нашите производи и нашата комуникација преку искуството понудено на нашите клиенти, како на веб страните така и во сите наши продажни центри. Ова се сектори кои го создаваат имиџот на марката! Сектори каде инвестираме непрестано во нашите гени како инвентивен автомобилски производител и генератор на задоволтво и уживање. Со тоа што французите не поставија на првото место на листата значи дека сите имаме една приказна и една историја со нашата марка, со што се докажува поврзаноста со оригиналниот дух кој е инкарнација на CITROËN ! ».

 

Запознајте го светот на CITROËN преку видеото:

 

 

За да дознаете повеќе за истражувањето на Posternak-Ifop консултирајте го следниот линк:

www.lamatrice.com/FR/barometre-posternak-ifop-entreprises.html