December 14, 2015

CITROËN Е-MEHARI: СЛОБОДЕН ДУХ

CITROËN Е-MEHARI:  СЛОБОДЕН ДУХ

CITROËN Е-MEHARI: СЛОБОДЕН ДУХ

Citroën E-MEHARI е возило кое е поврзано со историјата на брендот, но со неговиот изглед точно е насочен кон иднината. Е-Mehari претставува весел кабриолет со електрика на сите 4 седишта и со модерен и забавен стил. Со заедничкото партнерство со Bolloré Group, CITROËN ја потврдува својата амбиција да донесе на пазарот весели, оптимистички возила кои со својот изглед се разликуваат од останатите. Возило дизајнирано за потрошувачи кои имаат позитивен поглед на животот, Citroën E-MEHARI се издвојува како слободен дух на автомобилскиот пазар!

УНИКАТНЕН ИДЕНТИТЕТ

Надворешниот дизајн на Citroën E-MEHARI го одразува самото позиционирање на CITROËN. Сите стилски карактеристики на брендот се видливи, а тоа се: уникатен оптимистички дизајн, двојни фарови препознатливи за марката CITROËN, топли контури, мазни линии, чист стил кој симболизира вистина и едноставни задоволства. Овој харизматичен автомобил го има во следниве бои: сина, портокалова, жолта и беж. Кровот на возилото го има во две варијанти: црн и портокалово-црвен, додека ентериерот може да се најде во природна беж боја или во високо-технолошка портокалово-црвена боја.

ОРГИНАЛЕН НАЧИН НА РАЗМИСЛУВАЊЕ

Citroën E-MEHARI покрај својот изглед и карактер исто така е и практичен автомобил. Citroën E-MEHARI е:

– Кабриолет, со подвижен кров во преклоплив систем со големи прозори;
– Опремен со четири седишта, вклучувајќи ја и задната клупа на преклопување;
– Подигната шасија за теренско возење
– Каросерија направена од термоформирана пластика, материјал кој е заштитен од корозија
и еластичност која може да издржи помали удари;

ОСЛОБОДУВАЧКО ВОЗАЧКО ИСКУСТВО

И покрај тоа што Citroën E-MEHARI е едноставно возило, со опуштен дизајн, тоа сепак има напредна технологија. Citroën E-MEHARI е во потполност електрично возило со батериска технологија базирана на експертизата на Bolloré Group. LMP батериите се препозналиви по нивната енергетска густина и безбедноста при употреба. Тие се суви батерии (што значи “целосно цврсти”), а тоа им дава предност да не се осетливи на временски промени. Со нив Citroën E-MEHARI може да постигне брзина од 110 км/ч, со максимален опсег во град до 200 км. Сериското производство на возилото е најавено за март следната година.