July 31, 2017

CITROËN DYANE ПОЛНИ 50 ГОДИНИ

CITROËN DYANE ПОЛНИ 50 ГОДИНИ

Пред педесет години- поточно во август 1967 се роди Dyane.

Овој модел е одговор од Citroën на клиентите кои се во потрага по попрактичен и
помодерен автомобил од 2CV, кој се продавал на пазарот од далечната 1948 без
да се менува нешто во делот на едноставното управување, безбедноста и
економичната потрошувачка.
Dyane е модел кој е побрз, поудобен и попросторен (производ на стилистот Луи
Бионие) со практична задна врата и голем капак на моторот превземен од  2CV со
поедноставен систем на отворање од внатрешноста на автомобилот.
Dyane нуди четири вистински и удобни седишта со одличен простор за нозете и
прегледност. Високото држење на патот надоврзано со оптималната удобност
гарантираат беспрекорно потпирање дури и на места каде што не постоеле
патишта.
На асфалтирани патишта, Dyane  се докажа како нежен и безбеден автомобил
благодарение на софистицираното потпирање кое истовремено е нежно но и
прецизно дури и на земјени патишта а неговата аеродинамичност гарантира
оптимално држење дури и при високи брзини.
Механиката е превземена од веќе докажаниот и беспрекорен 2CV, со моторен
погон на тркалата напред и двоцилиндричниот мотор од 425 cc со воздушно
ладење. Како и кај 2CV, во деликатни ситуации моторот може да се стартува со
помош на надворешна команда постравена во долниот дел од маската на
возилото.
И покрај големите очекувања за овој модел (подоцна наречен Dyane4)
францускиот печат не понуди причини за да ја достигне славата на 2CV, која
своевремено постана еден вид на “национален споменик ” за француски
автомобил.
Италијанската филијала на марката пронајде решение за овој проблем со
вградување во Dyane мотор од компактната лимузина Ami6. Станува збор за
двоцилиндричниот мотор со зафатнина од 602 cc, во споредба со претходниот од
425 cc . Во почетокот вредноста на моќноста била 28 КС, за потоа да порасне на
35 КС од 1969, со што возилото можело да постигне брзина од 120 километри на
час во четврта брзина.