September 12, 2017

CITROËN CXPERIENCE CONCEPT

CITROËN CXPERIENCE CONCEPT

Citroën CXPERIENCE CONCEPT ја доби наградата за Елеганција во рамки на саемот за автомобили « Chantilly Arts & Elégance Richard Mille 2017 ». Инкарнација на комфор од високата премиум гама Citroën, овој концепт воодушевува и восхитува дури и една година по неговото премиерно прикажување на Саемот на автомобили во Париз

Четири години по ред, Chantilly Arts & Elegance Richard Mille собра на едно место автомобили на иднината, на поседот на Шантији. Оваа година, повеќе од 16 000 посетители уживаа во најновите концепт автомобили на Конкурсот за елеганција каде беа изложени 90 легендарни возила од целиот свет.

Конкурсот за елеганција има меѓународни димензии, Chantilly Arts & Elegance Richard Mille им нуди на своите посетители оригинално дефиле каде секој производител на концепт автомобили е во придружба со познат моден креатор. Citroën се одлучи да го претстави на Конкурсот за елеганција 2017, CXPERIENCE CONCEPT заедно со кинескиот стилист Yang Li.

Концептот на марката е одликуван со Grand Prix на Мундијалот 2016 RTL- Auto Plus, во рамки на саемот на автомобили во Париз.

CXPERIENCE CONCEPT го отсликува капацитетот на Citroën за имплементирање на слоганот « Be Different, Feel Good » во сегментот на големи седан изведби. Со својот изглед и дизајн CXPERIENCE е инкарнација на програмата « Citroën Advanced Comfort®».