October 30, 2013

CITROËN CACTUS : новата добитна карта !

CITROËN CACTUS : новата добитна карта !

CITROËN Cactus. Повеќе од концепт возило, вистински предвесник на новите модели од линијата C. Со овој концепт, CITROËN нуди нова добитна карта : да се ослободи од вишокот и да даде поголема вредност. Возило кое секој го посакува и на кое веднаш се навикнува, CITROËN Cactus е нова синтеза на автомобил.

Cactus. Сè започна со претсавувањето на концепт возилото C-Cactus на Саемот во Франкфурт 2007. Радикален пристап кон размислувањата : кои се новите очекувања на возачите на автомобили? Кои перформанси се навистина пресудни за нив ? Ова ентузијастичко размислување ги насочи инжениерите и дизајнерите да ги поместат границите на стандарите, да ги гледаат од друг аспект проблемите и да истражуваат нови солуции. Оваа прагматска постапка се ослободува од сè што е вишок и дава поголема вредност на сето она што им овозможува на возачите да се чувствуваат удобно. Резултатот се појавува во форма на CITROËN Cactus. Концепт возило кое е предвесник на новите модели на линијата C. Од 2014.
Чист и функционален дизајн

Спој на естетика со примена. Дизајнот на CITROËN Cactus е одговор на потрагата по идеално адаптирана зафатнина и моќност до најмали детали. Да се сочува само основното, да се оптимизира за да се создадат форми кои достигнуваат природна перфекција. Оваа постапка им овозможува на дизајнерите да ги срушат традиционалните кодекси за автомобили и да пронаоѓаат солуции кои доведуваат до вистински перформанси.

Изгледот на CITROËN Cactus е истовремено оригинален и очигледен, лесно се запомнува во согласнот со возилата кои ја одбележаа оваа епоха. Стил кој се идентификува според :

> Чиста и мазна површина во бела бисерна боја,
> Флуидна зафатнина прочистена од секаква форма на агресивност,
> Фиксно стакло и флотантен покрив,
> Контрастни графички елементи во зависност од нивната функција (заштита со сиви Airbumps Lama и црни премини на тркалата, носачи на кров во црна лакирана боја, осветлена внатрешност со голем панорамски покрив).

На прв поглед, елемент кој претставува оригиналност : Airbump.
Овој графички елемент е поставен врз страните и штитниците од удари. Израз на оваа постапка е да се акцентира дизајнот на една функција. Airbump го зајакнува стилот на CITROËN Cactus, го акцентира неговиот карактер со својата оргиналност и способноста за персонализација. Нуди вистинска заштита од секојдневните агресии. Неговата нежна кожа во « soft » изработка е отпорна на гребнатинки затоа што во себе поседува воздушни капсули кои го амортизираат ударот.

CITROËN Cactus претставува исто така и оптимални пропорции кои даваат предност на моќноста и удобноста во возењето:

> Изглед на компактна берлина (должина: 4,21 m ; ширина : 1,75 m),
> Идеален профил од стилска гледна точка со 1/3 стаклена површина и 2/3 страници,
> Држење од подлогата (21 cm) но и оптимзиирана висина од само 1,53 m,
> Намалено растојание од центарот на тркалата до крајниот преден раб со што тркалата се поставени на четирите агли.

Стилот на CITROËN Cactus е израз на технологија и квалитет прочистен од секакви форми на агресивност.

Изгледот напред го најавува новиот визуелен идентитет на новите модели на линијата C. Се карактеризира со:
> Мазни површини врз кои се акцентирани шевроните,
> Флуидни зафатнини без прекини меѓу капакот на моторот и крилата,
> Технолошки светлосен потпис со DRL со led и фарови вградени во Airbumps.

Лицето назад го следи истиот принцип со светла со led во 3D ефект вградени во Airbump.

Оригинален дизајн кој ветува удобна и пријатна внатрешност, ергономична и комфорна. Отсуството на странични стакла, задно стакло, и носачи во средината ве внесуваат во еден целосно редизајниран свет.

Интелигентна концепција

Прва цел : ослободување на простор за возачот и за патниците. Ослободување на внатрешноста за да понуди поголема комфорност.

Командната табла е тенка и флотантна со што целосно се ослободува командната табла додека од страна на совозачот во горниот дел се ослободува голем простор за предмети со лесен пристап. Овој резултат е добиен со електроника која е 100 % дигитална со оптимизирање на организацијата на возачкото место:

> Замена на инструмент таблата со екран од 7 инчи,
> Замена на командни копчиња со екран осетлив на допир од 8 инчи за полесен пристап до функциите (клима, аудио, навигација, поврзани услуги и помош во возењето),
> Поставување на воздушното перниче за совозач во плафонот,
> Замена на традиционалната рачка на менувачот со push во долниот дел од командната табла и со палети на воланот.

Седиштата напред поседуваат нов пристап кон архитектура: дизајнирани се во духот на sofa за поголем комфор и блискост.

За поголем комфор допринесува панорамскиот покрив со термичка обработка кој ја пропушта светлината но не и топлината. Заштитува од UV зраците со карактеристики кои се споредуваат со очила за сонце со ниво на заштита 4.

Втора цел: да понуди амбиент кој е модерен и опуштен. Уредувањето на ентериерот гарантира ослободување на огромен простор и дава предност на употреба на автентични и природни материјали. Седиштата и вратите се составени со комбинирање на два современи и модерни материјали : памучен штоф во сина chiné боја и приридна кожа « camel » пристутни и на командната табла и на воланот.

Последен моден крик, горниот простор на командата табла и рачките на вратите се во дизајн на патни торби.

Архитектурата на CITROËN Cactus нуди ново искуство во возењето кое е крајно опуштено за да можете да се впуштите во уживање и да ја доживеете слободата да патувате со автомобил. Уживање кое се споделува и доживува секојдневно.

Технологии на кои веднаш се навикнувате

Едноставна употреба, економично и еколошко, достапно за сите и поврзано. Технологијата на CITROËN Cactus е решително насочен кон новите потреби на возачите на автомобили.

Новата технологија на пренос Hybrid Air е дел од ова возило. Оваа солуција Full hybrid се состои во поврзување на воздух под притисок со хидраулика на бензински мотор од фамилијата PureTech. Умешност која е впишана во гените на марката за да гарантира перформанси : потрошувачка помалку од 3 l/100 km.

Оваа технологија има намалено влијание врз животната средина (нема дополнителен акумулатор) и е лесно достапно благодарение на:

> Атрактивна цена (45 % помала потрошувачка во урбана средина),
> Одржување и сервисирање со докажани технологии,
> Сочувано возачко место.

Дигитално, осетливо на допир и поврзано ! Сите команди се групирани на екран осетлив на допир од 8 инчи поставен на средината на командната табла. Ергономичен екран со едноствна употреба и пристап до CITROËN Multicity Connect. Возачот и совозачите имаат на располагање веб страница со апликации кои се поврзани на интернет и кои ги обработуваат податоците на возилото (изминати километри, брзина, преостанати километри, позиција на GPS..) за да дадат информации прилагодени на вашите потреби (предупредување за опасни зони, локализирање на станици за гориво, туристички места, итн.).
Поинакво поставување на прашањата за да се пронајдат нови солуции

Со понуда на нов дизајн, архитектура и технологии, CITROËN Cactus нуди нова синтеза на автомобил. Оптимистички пристап кој ги задоволува очекувањата на сите кои сакаат да ги поврзат примената со уживањето.

CITROËN Cactus, е возило кое секој го посакува и на кое лесно се привикнува. Уживање кое се споделува во секојдневието:

> “Simple to live”… Интелигентна концепција и интуитивни технологии,
> “Simple to love”… Функционален дизајн кој ги отстранува сите агресивни форми,
> “Simple to Share”… Удобен енетериер и електроника во возењето.