November 13, 2013

CITROËN C4 Picasso ја доби наградата Златен волан 2013

CITROËN C4 Picasso ја доби наградата Златен волан 2013

CITROËN C4 Picasso ја доби наградата « Златен волан » во категорија на Моноволумен, награда која се доделува еднаш годишно од страна на германските автомобилски списанија « Bild am Sonntag » и « Auto Bild » во соработка со повеќе европски магазини за автомобили кои се дел од групацијата « Auto Bild ». Ова признание се однесува на двете верзии на моноволуменот CITROËN (5 и 7 седишта), кој од неговото комерцијализирање до денес има околу 43 000 нарачки.

По септемвриската награда « Autonis » доделена од автомобилскиот магазин« Auto Motor und Sport » на CITROËN C4 Picasso, Technospace на марката, ова му е уште една награда од Германија. Златниот волан му беше врачен во Берлин лично на Фредерик Банзе, Генералниот директор на марката CITROËN.
Повеќе од еден милион читатели од 25 европски држави гласаа за еден од 49 кандидати на омилени модели за 2013 (6 категории: « Урбан/ Компактен», « Семејно», « Моноволумен », « SUV », « Лимузина», « Купе/ Кабрио»). Експертите за автомобили го одбраа победникот во секоја категорија, а првопласираниот во категоријата « Моноволумен » е новиот модел од сагата на PICASSO.
CITROËN C4 Picasso ги поседува најважните адути за да се наметне на пазарот на моноволумени : моќен и изразен стил, ентериер изработен во стилот на loft, технологии во служба на удобност и уживање и мотори со високи перформанси и ефикасност со верзија best in class со 98g/km CO2. Ја воведува новата платформа на групацијата PSA Peugeot Citroën EMP2 (Efficient Modular Platform 2), која овозможува намалување на масата на возилото за 140 kg. Исто така е прво возило со мотор BlueHDi кој ги задоволува еко стандардите Euro 6 зато ашто во себе вградува модул SCR (Selective Catalytic Reduction), единствена технологија која е подготвена значително да ја намали емисијата на NOx (-90%) со непречено намалување на CO2.
Од нивната комерцијализација, CITROËN C4 Picasso и Grand C4 Picasso остварија околу 43 000 нарачки.