September 21, 2016

Citroën C4 Picasso демонстраторски возила изминаа 60 000 km на патиштата низ Европа во класата ” hands off “

Citroën C4 Picasso демонстраторски возила изминаа 60 000 km на патиштата низ Европа во класата  ” hands off “

Од средината на 2015, четири демонстраторски возила Citroën C4 Picasso, со автономни функции изминаа 60 000 km во класата на " hands off " * (со контрола на возачот) на патиштата низ Европа.

Приоритетни цели на овие истражувања се посветеност на безбедно и сигурно функционирање како и системите за откривање на потенцијално опасни ситуации.
Групацијата PSA ги продлабочува своите истражувања во делот на сигурно функционирање во соработка со Институтот за истражување System-X и VEDECOM. Работи исто така и во соработка со CTAG (Технолошки центар за автомобил во Галица) во Шпанија со цел валидирање на интерактивноста помеѓу возачот и независното возило.
Вкупно 10 независни автомобили дизјанирани од страна на групацијата се тестирани во рамки на групацијата или од надворешни партнери.
Паралелно на ова групацијата PSA ќе започне и нови истражувања со возачи во класата на ” Eyes off ” (без контрола на возачот) под директна контрола на инженерите со цел да се оценат реалните услови.
Од 2018, Групацијата PSA ќе понуди функции на автоматизирано возење – под контрола на возач, а од 2020, возачот ќе му го препушти возењето на возилото.

(*) Степени на автоматизирање на независно возило се поделени во пет нивоа : ” hands on “, ” hands off “, ” eyes off “, ” mind off “, и ” driverless “.