February 16, 2015

CITROËN C4 Cactus – Уште една награда за дизајн

CITROËN C4 Cactus – Уште една награда за дизајн

CITROËN C4 CACTUS е награден и со « Ѕвезда за дизајн » од страна на Агенцијата за промоција на индустриска креација “Observeur du Design” во Музејот за наука и индустрија во Париз.

Овој настан се организира од страна на Агенцијата “Observeur du Design” за промоција и индустриска креација од 1999година. Оваа агенција е отворена за сите компании, дизајнери, училишта и колективи од сите сектори на дејствување.

Ги забележува иновативните креации  по својот дизајн и секоја година доделува по една награда: «Ѕвезда за дизајн».

Оваа година жирито одлучи да го награди CITROËN C4 Cactus доделувајќи му една «Design Star»

CITROËN C4 Cactus ќе биде изложен една година во рамки на изложбата « Равенка дизајн » во Музејот за наука и индустрија во Париз.  Оваа изложба има за цел да ја истакне и претстави работата на дизајнерите во сите етепи на создавање на еден производ.

Изложбата го  прикажува секој чекор од работата на дизајнерите при креирањето на нов производ. Целта е производот да биде кохерентен, убав, функционален, иновативен, ергономичен, да ги почитува различните стилови на живеење и околината. Сите овие квалитети идеално се вклопени во новиот CITROËN C4 Cactus.