April 21, 2015

CITROËN C4 CACTUS СЕ ИСТАКНУВА НА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ ВО МИЛАНО 2015

CITROËN C4 CACTUS СЕ ИСТАКНУВА НА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ ВО МИЛАНО 2015

Награден на повеќе од 30 настани, меѓу кои и минатата недела во Њујорк ја доби наградата за « World Car Design of the Year », CITROËN C4 CACTUS ќе биде изложен од 14 април до 19 април на најпрестижниот настан Design Week  во Милано.  

Поради својата оригиналност и авангардност има чест да учестува на две изложби на Саемот на Мебел во Милано: Музејот на дизајн за проектот « Art of Living », и за проектот « Talents & Economie », во рамки на Францускиот дизајн.

Овие две изложби го истакнуваат дизајнот и силниот идентитет на возилтата CITROËN, како и капацитетот на марката да ги надминува стереотипите. C4 Cactus е уникатен и модерен производ, спој на енергичност и креативност, примена и естетска убавина. Од 14  до 19 април, посетителите ќе уживаат во привлечниот дизајн и неагресивните линии и неговите иновации од примерот на Airbump®.